Том Хенкс, еден од омилените и најсаканите глумци во Холивуд, ќе издаде книга! Збирката со кратки раскази ќе биде објавена во октомври под капата на издавачката куќа „Кнопф“.
„Невообичаен тип: Неколку приказни“ ќе содржи 17 приказни и секоја ќе биде напишана од различна машина за пишување. Хенкс е познат по тоа што собира стари машини за пишување и поседува повеќе од 100.

Во својата изјава, Хенкс, кој започнал да ја пишува книгата во 2015 година, вели: „За време на овие две години колку што ја пишувам книгата, снимав филмови во Њујорк, Берлин, Будимпешта и Аталнта и пишував во секој град. Пишував во хотели за време на медиумските турнеи. Пишував на одмор. Пишував во авиони, пишував дома, пишував во канцеларија. Кога имав време да направам распоред, се држев до него и пишував секое утро од 9 до 13 часот.“
Сони Мехта, главен уредник во „Кнопф“, вели дека за првпат прочитал приказна од Хенкс во „Њујоркер“ пред неколку години и додава: „Бев изненаден од тоа колку е извонреден неговиот глас и контрола како писател. Се надевав дека можеби има повеќе приказни во изработка. На големо задоволство на читателите, излезе дека навистина има.“
Според „Кнопф“, приказните на Хенкс ќе се фокусираат на теми како „имигрант кој пристигнува во Њујорк откако неговото семејство и неговиот живот ќе бидат распарчени од граѓанската војна во неговата држава; за човек кој одигурва совршена игра во куглање (и потоа уште една и уште една); за тоа како е да се стане позната личност на ESPN; за ексцентричниот милијардер и неговиот верен асистен кои се во потрага по нешто поголемо во САД и за сјајниот живот на еден актер.“
Нам ни останува само да почекаме и да видиме што ни подготвил Том Хенкс и ако неговиот талент за пишување е приближен на неговиот талент за глумење, тогаш сигурно ќе уживаме во неговите приказни!
