Разбудете ја вашата креативност со боенки инспирирани од книжевноста!

Како што веќе одамна пишував, се појасно е дека боенките повеќе не се само за деца, сега тие се прилагодени за сите возрасти. И за децата, но и за возрасните. Боенките за возрасни се почесто се наоѓаат на листите на најпродавани книги. Во нив можете да најдете се: од цветови, до познати личности и телевизиски серии. Во нив секогаш има интересни шаблони кои дозволуваат да ја пуштиме нашата креативност слободно да излезе на површина.

gatsby-sm

Боенките за возрасни се одличен начин човек да се ослободи од стресот, да се препушти на боите и да го одмори мозокот од секојдневните проблеми. За многу луѓе, овие боенки се одличен начин како да го разбистрат мозокот по тежок ден на работа. Но, не мора да боите само за да се ослободите од стресот, можете да боите и затоа што е навистина забавно.

Доколку сте расположени да им дадете шанса на боенките за возрасни, компанијата за очила Readers реши да ги израдува сите љубители на книги, па создаде боенки за возрасни инспирирани од некои од најдобрите книжевни остварувања. Станува збор за боенки инспирирани од „Господар на мувите“, „Финта 22“, „Дракула“, „Големиот Гетсби“, „Малите жени“ и „Моби Дик“.

Она што е уште подобро е што овие страници за боење се бесплатно достапни за сите и доволно е само да ги симнете, испринтате, да се опремите со боички или фломастери и да ја ослободите вашата креативност!

Страниците за боење можете да ги преземете од тука.

Leave a comment