Инфографик: Како, што и колку читаат луѓето низ светот?

Читањето е една од најуниверзалните задоволства. Читањето книги како активност ги надминува сите граници, јазици и сите разлики помеѓу луѓето. Луѓето ширум светот обожаваат да читаат. Книгите се најдобри другари и учители и нема да престанат да не’ зближуваат и да не’ прават подобри луѓе.

За денес пронајдов еден интересен инфографик направен од FeelGood, кој во себе содржи различни интересни факти за книгите и читањето, за тоа колку читаат луѓето низ светот во просек, кои се најпродавани книги и останати интересни факти.

Најпрво можете да ги прочитате информациите на македонски јазик, а подолу погледнете го и мошне интересниот инфографик:

Како ги препознаваме зборовите како звуци и слики  додека читаме?

Кога читаме ги препознаваме зборовите како слики и  во нашиот ум слушаме како гласно се изговараат.

За препознавање на зборовите додека читаат, луѓето го користат истиот дел од мозокот кој го користат при препознавање на лица.

Регионот Брока (делот од мозокот одговорен за стуктурирање на јазикот) реагира на тивко читање на истиот начин на кој невроните за слушање реагираат на гласно читање.

2cd7978cac40f9b0a7577d1d8b28f1c0_muay-thai-books-images-of-books-and-reading_640-360

Читаме преку движење на очите

Движењето на очите се всушност брзи и остри прерипнувања наречени сакади, кои се случуваат на секои 7 до 9 букви за време од 0.3 секунди.

Сакадите се надополнуваат со моменти на мирување наречени „фиксации“ кои исто така траат 0.3 секунди и им дозволуваат на вашите очи да се одмараат помеѓу две сакади.

Кога очите забележуваат испечатени зборови на материјалот за читање, се формираат светлечки шаблони. Овие шаблони патуваат од центарот на мозокот до церебралниот кортекс кој потоа ги толкува симболите.

Кои земји највеќе сакаат да читаат?

Според истражувањата, листата изгледа вака:

1 . Индија (10.43 часа неделно по глава на жител)
2. Тајланд (9.24 часа неделно по глава на жител)
3. Кина (8 часа неделно по глава на жител)
4. Филипини (7.36 часа неделно по глава на жител)
5. Египет (7.30 часа неделно по глава на жител)
6. Чешка (7.24 часа неделно по глава на жител)
7. Русија (7.06 часа неделно по глава на жител)
8. Шведска (6.54 часа неделно по глава на жител)
9. Франција (6.54 часа неделно по глава на жител)
10. Унгарија (6.48 часа неделно по глава на жител)
11. Саудиска Арабија (6.48 часа неделно по глава на жител)
12. Хонг Конг (6.42 часа неделно по глава на жител)
13. Велика Британија (5.18 часа неделно по глава на жител)
14. Јапонија (4.06 часа неделно по глава на жител)

Кои се најпродавани книги на сите времиња?

Многу е тешко да се определат најпродаваните книги на сите времиња, затоа што не постои централен депозитор на сите книги. Продажбата на религиозните книги како Библијата (најпродаваната книга на сите времиња според Гинисовата книга на рекорди) и Куранот е речиси невозможна за мерење, затоа што истите честопати се раздаваат бесплатно.

Кога сето тоа ќе се земе предвид, ова е топ 5 листата на најпродавани книги до денешен ден:

1 . „Господар на прстените“ – Џ.Р.Р. Толкин – 150 милиони продадени примероци
2. „Хобитот“ – Џ.Р.Р. Толкин – 142 милиони продадени примероци
3. „Малиот Принц“ – Антоан де Сент-Егзипери – 140 милиони продадени примероци
4. „Хари Потер и Каменот на мудроста“ – Џ.К. Роулинг – 107 милиони продадени примероци
5. „И тогаш не остана никој“ – Агата Кристи – 100 милиони продадени примероци

540a375a3b7218829ffac7594ea9428f_source-images-of-books-and-reading_1536-1152

Кои книги биле забранувани ширум светот?

Низ текот на историјата, книгите често знаеле да ги растресат нормите со тоа што ќе начнат чувствителни политички, религиозни и општествени теми. Следниве книги биле забранувани од најразлични влади ширум светот:

1 . „Гол ручек“ – Вилијам Бароуз
2. „Лолита“ – Владимир Набоков
3. „1984“ – Џорџ Орвел
4. „Сатански стихови“ – Салман Ружди
5. „Алиса во Земјата на чудата“ – Луис Карол

*на блогот веќе ја имаме начнато оваа тема, можете да го видите тоа тука и тука.

Печатени наспроти дигитални книги

Каков тип на книги најчесто се купуваат?

45% – печатени книги
27% – книги со тврди корици
22% – е-книги
2% – аудио-книги

Од каде најчесто луѓето купуваат книги?

42% – електронска продажба
15% – големи ланци на книжари
6% – мали книжари
6% – на големо
5% – книжевни клубови

Читање: печатени наспроти е-книги

Неврологијата докажала дека луѓето користат различни делови од мозокот кога чистаат од хартија и кога читааат нешто од екран.

Длабокото читање ги користи нашите линеарини читачки функции и се случува само кога читаме печатени книги.

Колку повеќе човек чита на екран, толку повеќе мозокот се врти кон нелинеарно читање – тоа е кога очите ни лутаат низ веб-страната кога ќе отвориме некоја стиатија.

Многу луѓе се станати „би-литературни“, што значи дека се прилагодиле на двата видови читање. Постои опасност дека се помалку го користиме делот за длабоко читање и дека е можно сосема да исчезне.

tumblr_m50vtncsns1r61ztt

Интересни факти за читањето и како може да ви го промени животот

Луѓето кои читаат книги имаат за 2.5 пати помалку шанси да добијат Алцхајмерова болест.

Секогаш кога читате нешто ново, вашиот мозок прави место за да влезат новите информации, што на долг рок ви го подобрува паметењето.

Различни реалности и измислени приказни ви помагаат да се отворите кон нови чувства кои ве прават посочувствителни кон другите луѓе и култури.

Читањето отвора врати и го подобрува човечкиот поглед кон животот. Луѓето кои читаат имаат поголеми шанси да успеат во животот.

Читањето ви помага при препознавањето на различни шаблони кои се случуваат при пишувањето, што значи дека прави да мислите критички.

Како да се грижите за очите додека читате печатени книги и онлајн?

Избегнете го оштетувањето на очите преку следење на овие совети:

1 . Имајте извор на светлина со кој светлото секогаш ќе паѓа врз страницата која ја читате.
2. Правете чести паузи и следете го правилото 20-20-20. На секои 20 минути погледнете во предмет којшто се наоѓа на 20 метри од вас и 20 секунди гледајте во него.
3. Често трепкајте за да ги навлажните очите. Суви очи се резултат на предолго гледање во еден предмет.
4. Ако докторот ви препишал очила за читање/контактни леќи, задолжително носете ги при читање.
5. Често одете на прегледи.

Онлајн читачки навики кои треба да ги развиете и негувате:

1 . Ако имате проблем со читање на ситни фонтови, зголемете го текстот.
2. Интензивното и долго читање на компјутер ги оштетува очите. Ако налетате на поголем документ или статија, испринтајте ги.
3. Подесувајте ја светлината и контрастот на мониторот се додека не ја ви се погодат подесувањата кои ќе ви одговараат на очите.
4. Ако користите контактни леќи, прашајте го вашиот доктор дали се соодветни во однос на тоа колку време поминувате пред компјутер.
5. Кога не работите на компјутер, вежбајте ги очите со тоа што на неколку секунди ќе се фокусирате на предмет кој е во ваша близина (околу 15 сантиметри), а потоа ќе го промените фокусот на предмет кој е малку подалеку од вас.

Читањето е како вежбање за вашиот ум. Затоа земете книга во рака за умствено вежбање.

1-kT55UhakMf2OkUOxAh9x9w.jpeg

Leave a comment