Видео: Како оригинално звучеле претставите на Шекспир?

Вилијам Шекспир, доајенот на англиската книжевност и драматургија, бил вистински мајстор на пишаниот збор. Неговите претстави и ден денес се постојано изведувани на сите театарски сцени во светот, постојат толку многу филмови на основа на неговите приказни, а воедно се смета за човекот кој измислил многу зборови кои и денес се користат во англискиот јазик.

Сосема оправдано, неговите дела, зборови, сонети се постојано предмет на анализи и истражувања. И по толку многу години, Шекспир не престанува да биде вистинска инспирација.

150216115213-71-oscar-best-picture-super-169

Во ова видео од The Open University, ќе дознаеме повеќе за експериментите на Театарот „Глоуб“ за „Оригиналниот изговор“(ОИ). Ако се прашувате што е ова, треба да знаете дека е токму тоа што ви делува на прво слушање: Зборување на англискиот јазик онака како што бил зборуван во времето кога биле напишани и изведувани претставите на Шекспир.

Не е за изненадување што „Оригиналниот изговор“ е сосема различен од модерниот изговор и често драматично ги менува репликите. Многу често репликите се римуваат со употреба на акцентот од ОИ, но не и со употреба на модерниот изговор (исто така познат и како „Примен изговор“ или ПИ).

Во видеото ќе видите и интересен пример кога „proved“ (докажe) се изговара како „loved“ (љубел), бидејќи тие треба да се римуваат во „Сонет 116“. Брилијантно и просветлувачко.

 Дозволете Дејвид и Бен Кристал да ве водат во ова 10-минутно видео:

Тука можете да се информирате повеќе и за курсевите на The Open University.

Leave a comment