Познатата аналогија „бубачка во кутија“ на филозофот Лудвиг Витгентштајн ја демонстрира неможноста на луѓето да го искусат светот со туѓи очи.
Аналогијата оди некако вака: Замислете дека сите луѓе имаат кутија во којашто има нешто што се вика „бубачка“ (Може да личи како тоа што го замислувате кога ќе чуете „бубачка“, но може да биде и нешто сосема поинакво).
Вам не ви е дозволено да ѕирнете во другите кутии, но секој човек треба да опише што има во нивната кутија. Бидејќи никој навистина не може да знае што има во другите кутии, зборот „бубачка“ престанува да има какво било значење освен она што е во вашата кутија.

Кутијата во аналогијата на Витгенштајн е умот на човекот. Ние претпоставуваме дека сите внатрешни работи во умот на другата личност како љубовта, болката и самото свесно искуство е слично на нашето. Но, тоа е само претпоставка. Ние можеме само да видиме во нашите умови и да го опишеме тоа искуство со зборови и да им го пренесеме на другите луѓе и тие да го направат истото со нас.
Затоа оваа аналогија понекогаш се вика: „аргументот на приватниот јазик“ и вели дека јазикот кој го користиме за да ги опишеме нашите приватни искуства се дефинира според начинот на кој е искористен со другите луѓе и дека е невозможно да се има јазик кој екслузивно ги опишува вашите приватни искуства.
За повеќе информации за оваа и други теории на Витгентшајн, кликнете тука.
