Македонска поезија: „Целиот живот ми се спомените“ од Матеја Матевски!

Целиот живот ми се спомените – Матеја Матевски

Што ми е грижа што било лага
и каде водела измамна трага?
Целиот живот ми се спомените

И за преоценка да дошло време
не може никој нив да ми ги земе
Целиот живот ми се спомените

По моја волја тие се редат
и илузиите нешто да вредат.
Целиот живот ми се спомените.

Јас сам над нив само над нив со власт крајна
создавам со нив родина тајна.
Целиот живот ми се спомените.

a3ecf5ba2d9302227edd136836677963

Leave a comment