Дали сте обожавател на поезија? Дали можеби сакате да ги преточувате вашите чувства и мисли во поезија? Дали отсекогаш сте сакале да пробате да пишувате поезија? Доколку одговорот на барем едно од овие прашања е ДА, тогаш имате можност да се пријавите на конкурсот на НУЦК „АСНОМ“ од Гостивар за меѓународниот поетски фестивал „Литературни искри“.
Фестивалот „Литературни искри“ се организира секоја година во чест на 24 мај, Денот на Сесловенските просветители.

Право на учество имаат сите поети од Македонија и балканските земји, а темата е слободна, што значи дека се зависи од вашата фантазија и креативност. Секој учесник конкурира со три необјавени песни, не подолги од 32 реда. Секој може да конкурира со песни на својот мајчин јазик, но секој учесник чиј мајчин јазик не е македонскиот јазик, задолжително мора да достави и препев на песните. Доставените песни треба да се поднесат во Word документи и треба да бидат лекторирани.
Секој учесник треба да се потпише со своето име и презиме, адреса и место на живеење, држава и телефонски број. Уредно пријавените творби ќе ги оценува тричлена жири комисија, а првичните резултати ќе бидат објавени на почеток на мај 2017 година.
Крајниот рок за пријавување е 15.04.2017 година, а вашите творби треба да ги испратите на: literaturniiskri@yahoo.com.
Доколку имате нешто коешто ви лежи на душата, а сакате да го споделите во форма на поезија, ова е одлична шанса за вас!
Кафе и книги им посакува многу среќа на сите оние коишто ќе се пријават! Во продолжение погледнете го и официјалниот конкурс.

