Видео: Модерна екранизација на „Гарванот“!

Во 1909 година, кинематографот Д.В. Грифит ја понудил својата седум-минутна интерпретација на тоа како Едгар Алан По ја создал својата легендарна поема „Гарванот“.

Во 2011 година, режисерот Дон Тиел ја понуди својата 12-минутна интерпретација помеѓу писателот наречен По, млад и тукушто излезен од војската и гавран што зборува – средба која не се случува баш во денешно време, ниту пак во првата половина на 19 век, времето во коешто живеел По, туку во зимата во 1959 година, еден век по смртта на Едгар Алан По. И сето тоа се случува во холивудска соба.

464273328

Едгар Алан По стана познат по своите приказни полни со мистерија и фантазија. Врз сето тоа, видеото „„Гавранот“ на Едгар Алан По“ додава уште еден слој мистерија. Целиот овој труд му донесе неколку награди на овој краток филм, вклучувајќи ја и наградата за Најдобар краток филм на Филмскиот фестивал „Х.П.Лавкрафт“.

Овој краток филм го замислува најпознатото дело на По како сцена полна со алкохол, цигари, тапет со жолти шаблони, живописно осветлување, осум-милиметарска филмска лента, машина за пишување „Корона“ и други артефакти од средновековно распаѓање и ни покажува дека тие го направиле тоа преку надминување на времето и местото. Копнежот, како што се чини, никогаш не застарува.

Во продолжение, погледнете го интересното видео.

Leave a comment