Како и секоја година, традиционално во април се доделуваат Пулицеровите награди. Пулицеровите награди се доделуват во повеќе категории: новинарство, фотогафија, но нам секако највеќе не’ интересираат наградите поврзани со книжевноста.
Во понеделникот беа соопштени и резултатите, па така ги имаме и овогодинешните добитници!
Па така, добитникот на наградата за фикција за оваа година е Колсон Вајтхед и „Подземна железница“. На официјалната веб-страна на Пулицеровите награди се вели дека оваа книга ја добива наградата „за многу умешно спојување на реализмот и алегоријата кое ги поврзува насилството на ропството и драмата на бегството во еден мит кој и се обраќа на модерна Америка.“.

Од историските книги, наградата отиде во рацете на Хедер Ен Томпсон за книгата „Крв во водата: Воздигнувањето на затворот „Атика“ од 1971 година и неговото наследство“. Наградата и е доделена поради „наративната историја која поставува високи стандарди за академското расудување и издржливоста за истражување при барање на вистината за протестите во затворот „Атика“ во 1971 година.
Во категоријата „Биографија или Автобиографија“ наградата отиде кај „Враќањето: Татковци, синови и земјата помеѓу нив“ на Хишам Матар за „елегијата во прво лице за домот и таткото кој со контролирани чувства го истражува минатото и сегашноста на еден завојуван регион.“
„Иселени: Сиромаштијата и профитот во американскиот град“ на Mетју Дезмон да го доби Пулицерот за нефикција поради „за длабинското истражено експозе кое покажува како масовните иселувања по економската криза од 2008 година беа повеќе причина за сиромаштија отколку последица од кризата.
И за крај, наградата за поезија беше доделена на „Олио“ на Туехимба Џес за „изворедната работа која ја спојува изведувачката уметност со подлабоката уметност на поезијата за да го истражи колективното паметење и да ги предизвика модерните поимања за расата и идентитетот.
Ова беше 101-то доделување на Пулицеровите награди. Тие оддаваат почит во областа на уметноста и новинарството.
