Прекрасни панорами од библиотеки кои ќе ви го одземат здивот!

Во денешно време, повеќето јавни библиотеки не се најпрекрасните места барем кога станува збор за изгледот. Голем дел од нив се пренатрупани, речиси и да немаат прозорци и полни се со стар и неудобен мебел. Но, постојат места каде јавните библиотеки служат како прекрасни храмови на пишаниот збор. Во книгата со фотографии „Библиотекарската книга“, панорамскиот фотограф Томас Р. Шиф не носи на панорамска тура низ неверојатни библиотеки во САД, од најпознатите (како Националниот архив во Вашингтон) до најлокалните библиотеки.

Во воведот на книгата, Алберто Мангуел, авторот на книгата „Историјата на читањето“, вели: „Јавната библиотека е споменот, гласот и лицето на општеството во коешто таа постои.“ Ова дело на Шиф е ода на јавната архитектура која е повеќе од улитаристичка, огледувајќи ги библиотеките дизајнирани да ги сретнат највисоките идеали на општеството коешто ги изградило.

Во време кога можете да ја најдете речиси секоја книга на Амазон и тоа на попуст, фотографијата на Шиф е потсетник за постојаната важност на овие граѓански институции и задоволството на повторната употреба на складираните книги на вистински големите библиотеки.

Мангуел пишува: „Уште од времето на Александрија, библиотеките имале симболичка функција. За Птоломејските кралеви, библиотеката била симбол за нивната моќ, а на крај станала симбол на целото општество, духовно место каде  читателите можеле да ја стекнат умешноста на вниманието, нешто за кое Хана Арент (политички теоретичар од 20 век) велела дека е дефиниција на културата. Но, од половината на 20 век, библиотеките повеќе го немаат ова симболичко значење и како обични соби за складирање на технологија која е прогласена за непостоечка, повеќе не се сметаат за достојни за сочувување и финансирање.“

Шиф, кој инаку работи како директор на една осигурителна компанија во Охајо, се грижи за тоа да ги потсети читателите дека библиотеките, без оглед на тоа дали се водени од универзитети, музеи или градови, вредат и треба да се инвестира во нив.

Бостон ATHENAEUM, 2010

schiff-01

Основана во 1807 година од „Друштвото за Антологија“, оваа библиотека била една од најголемите библиотеки во САД во средината на 19 век. Денес во неа има повеќе од 500.000 книги и има изложено голем број на американски и европски уметнички дела.

Јавната библиотека „Линколн“ во Илиноис, 2009

schiff-02

На почетокот од 20 век, Ејндру Керниџ донирал 60 милиони долари од свој џеб за да основа речиси 17000 библиотеки низ САД со цел да го подобри јавното образование. Јавната библиотека „Линколн“ била основана во 1901 година благодарејќи на грантот од овој магнат за челик.

Центарот за списанија и весници „Херб Каен“, јавната библиотека на Сан Франциско, 2010

schiff-03

Одделот за списанија, журнали и весници во јавната библиотека на Сан Франциско е посветен и именуван по Херб Каен, локален колумнист кој цели 60 години пишувал за весникот „Сан Франциско Хроникл“. Во самиот центар на одделот постои скулпутрата „Функционална и фантастична скала и фрагмент од циклон“, скулптура од скалила која треба да го симболизира отплеткувањето на знаењето.

Историското друштво на библиотеката во Пенсилванија, Филаделфија, 2011 година

schiff-04

Историското друштво на Пенсилванија, основано во 1824 година, е едно од најстарите историски друштва во САД. Збирката во оваа библиотека содржи повеќе од 350 години американска историја.

Државната правна библиотека во Ајова, 2011

schiff-05

Оваа библиотека е позната по својата збирка од правни четива и книги, но и по својата прекрасна живописна внатрешност исполнета со дрво и мермер.

Библиотеката „Џорџ Пибоди“, Балтимор, 2010

schiff-06

Отворена во 1874 година, оваа библиотека била основана од филантропот од 19 век како дел од неговиот Институт „Пибоди“. Сега е истражувачка библиотека на Универзитетот „Џон Хопкинс“, но согласно оригиналната визија на Пибоди, библиотеката е се уште отворена за јавноста.

Извор.

Leave a comment