Говорот на Габриел Гарсија Маркес по добивањето на Нобеловата награда за литература

Габриел Гарсија Маркес е еден од најдобрите писатели на сите времиња. Неговите безвременски дела како „Сто години самотија“ и „Љубов во време на колера“ се книги кои се сметаат за ремек-дела на книжевноста. Неговиот стил на пишување, ликовите кои ги создава и приказните кои ни ги нуди нам како читатели го прави најдобриот меѓу најдобрите.

Британската актерка Ема Томпсон има кажано: „Кога мојот татко почина, книгата која на некој начин ми го спаси животот беше „Сто години самотија“ од Габриел Гарсија Маркес. Мислам дека книгите се како луѓето: тие се појавуваат во вашиот живот токму тогаш кога ви се најпотребни.“

d186d0b8d182d0b0d182-d0bdd0b0-d0b4d0b5d0bdd0bed182

Поради неговата посебност и генијалност при пишувањето, на 8 декември 1982 година, тој ја добива Нобеловата награда за литература. Прекрасниот говор при примањето на наградата, насловен како „Осаменоста на Латинска Америка“, не може никого да остави рамнодушен.

Денес на блогот имате можност да уживате во прекрасниот говор на Габриел Гарсија Маркес.

Осаменоста на Латинска Америка

Антонио Пигафета, истражувач од Фиренца, кој заедно со Магелан тргнал на првото патување околу светот, направил еден запис за неговото поминување низ јужните делови на Америка, запис кој е навистина точен и кој истовремено наликува на патување низ фантазијата. Во записот, тој забележал дека видел свињи со папоци на нивните задници, птици без канџи, чии петели неселе јајца на грбовите на нивните женки и други кои наликувале на пеликани без јазици со клунови како лажици.

Тој напишал дека видел брзоплето суштество со глава и уши на мазга, тело на камила, нозете на елен и крик на коњ. Тој исто така опишал како првиот староседелец кој го сретнале во Патагонија бил соочен со огледало, по што страстниот џин го загубил разумот поради теророт од сопствената слика.

bb4c2f71e1939d75a261a836343b4e6e

Оваа кратка и фасцинантна книга, која уште оттогаш го содржела семето на нашите денешни романи, не е во никој случај најневеројатниот запис за нашата реалност во тоа време. „Хрониките на Индиите“ ни оставија безброј други записи. Елдорадо, нашата толку страстно барана и илузорна земја, со години се појавуваше на повеќе карти, менувајќи го своето место и форма за да одговара на фантазијата на картографите.

Во својата потрага по фонтаната на вечната младост, митскиот Алвар Нуњез Кабеза де Вака 8 години го истражувал северот на Мексико, во една заблудена експедиција чии членови меѓусебно се растргнале и од шест илјади кои тргнале на патувањето, само петмина се вратиле назад.

Една од многуте неоткриени мистерии од тоа време е онаа за 11 илјади мазги кои биле натоварени со сто килограми злато, кои еден ден го напуштиле Куско за да го платат откупот на Атахуалпа и никогаш не стигнале до својата дестинација. Потоа, во колонијалните времиња, кокошките биле продавани во индијанската Картагена, кокошки кои биле одгледувани на алувијалната земја и чии воденички содржеле мали грутки злато. Страста по злато на еден основач до неодамна не’ обременуваше.

Некаде во минатиот век, германската мисија задолжена да ја проучува изградбата на меѓуокеанската железница низ Панама заклучи дека проектот бил возможен под еден услов: шините да не бидат направени од железо, кое е ретко во регионот, туку од злато.

140417172030-05-gabriel-garcia-marquez-restricted-horizontal-large-gallery

Нашата независност од шпанската доминација не не’ стави надвор од досегот на лудилото. Генералот Антонио Лопез де Санта Ана, трикратниот диктатор на Мексико, организирал величествен погреб за десната нога која ја изгубил во таканаречената Војна на тестенините. Генералот Габриел Гарсија Морено 16 години владеел со Еквадор како апсолутен монарх; на неговото бдеење трупот бил седнат на претседателскиот стол, облечен во целосна униформа и заштитен слој составен од медали.

Генералот Максимилијано Хернандез Мартинез, теософскиот деспот на Ел Салвадор кој заклал 30.000 селани во дивјачки масакр, измислил нишало за да го открива отровот во неговото јадење и ги покривал уличните ламби со црвена хартија за ја победи скарлетната треска. Статуата на генералот Франциско Моразн која беше поставена на главниот плоштад во Тегуцигалпа е всушност статуа на Маршал Неј, купена од едно складиште за половни статуи во Париз.

Пред 11 години, Чилеанецот Пабло Неруда, еден од најистакнатите поети на нашето време, ја просветлуваше оваа публика со својот збор. Оттогаш, Европјаните кои имаат добра волја и понекогаш и оние со лоша волја, беа погодени со уште поголема сила од страна на неземските вести за Латинска Америка, тоа безгранично царство на прогонувани мажи и историски жени, чија бескрајна тврдоглавост се замаглува во легендите.

original

Ние немавме еден момент за одмор. Прометејски претседател, заробен во неговата запалена палата, загина борејќи се со цела армија и тоа сам; две сомнителни авионски несреќи, кои се уште треба да бидат објаснети, го скратија животот на уште еден претседател со големо срце и еден демократски војник кој повторно го оживеа достоинството на своите луѓе.  Имавме 5 војни и 17 воени државни удари, а оттаму се издигна злобниот диктатор кој во Божјо име го спроведе првиот латиноамерикански етноцид на нашето време.

Во меѓувреме, 20 милиони деца од Латинска Америка умреле пред да наполнат една година, тоа е поголема бројка од деца кои се родиле во Европа во 1970 година. Оние кои се исчезнати поради репресија се околу 120.000 луѓе, што е слично на тоа никој да не може да ги пронајде жителите на Упсала. Многу жени беа уапсени додека беа трудни и се породија во аргентинските затвори, а сепак никој не ја знае локацијата, ниту идентитетот на нивните деца кои биле посвоени или испратени во сиропиталишта и тоа по наредба на воените авторитети.

Поради тоа што се обидоа да ги променат овие работи, речиси 200.000 мажи и жени низ целиот континент умреа и над 100.000 ги изгубија своите животи во три малечки држави со лоша судбина од Централна Америка: Никарагва, Ел Салвадор и Гватемала. Ако ова се случеше во САД, соодветната бројка ќе беше 1.600.000 насилни смртни случаи во период од 4 години.

1 милион луѓе избегаа од Чиле, држава со традиција на гостопримливост, а тоа е околу 10% од популацијата. Уругвај, мала држава од 2.5 милиони жители и која се сметаше себеси за најцивилизираната држава на континентот губеше по еден човек на секои 5 жители поради прогонства.

Почнувајќи од 1979 година, граѓанската војна во Ел Салвадор произведуваше по еден бегалец на секои 20 минути. Државата која би се создала од сите прогонства и присилени имигранти од Латинска Америка би имала повеќе жители од Норвешка.

13

Се осмелувам да мислам дека оваа невообичаено голема реалност, а не само нејзиното книжевно изразување, го заслужи вниманието на Шведската академија на науките. Реалност која не е на хартија, туку онаа која живее во нас и која го определува секој миг на нашите безбројни секојдневни смртни случаи и негува извор на незаситна креативност, полн со тага и убавина, извор во кој овој скитнички и носталгичен Колумбиец е само една цифра повеќе и беше издвоен на среќа.

Поетите и питачите, музичарите и пророците, воините и арамиите, сите суштества на таа разуздана реалност, сите ние мораме да бараме малку фантазија, затоа што нашиот главен проблем секогаш бил недостатокот на конвенционални начини за да ги направиме нашите животи поуверливи. Ова, мои пријатели, е суштината на нашата осаменост.

И ако овие тешкотии, чија суштина ние ја делиме, не’ попречуваат, разбирливо е дека рационалните таленти од оваа страна на светот, возвишени во размислувањето за своите култури, ќе бидат во ситуација да немаат мерливо средство за да не’ протолкуваат. Природно е тоа што тие инсистираат да не’ мерат со истото мерило што тие го користат за себеси, заборавајќи дека страдањата на животот не се исти за сите и дека потрагата по нашиот сопствен идентитет е исто толку тешка и крвава за нас како што беше и за нив.

Толкувањето на нашата реалност преку модели кои не се наши сопствени, служи само за да не’ направи уште понепознати, уште помалку слободни, уште поосамени. Преподобната Европа, можеби повеќе ќе согледува ако се обиде да нè види преку своето минато. Ако само се потсети дека на Лондон му беа потребни 300 години за да го изгради својот прв градски ѕид; и уште плус 300 години за да добијат Епископ; Рим 20 векови се движел во мракот на несигурноста, сè додека етрурскиот цар не се закотвил во неговата историја; и дека мирниот швајцарски народ кој го познаваме денес, кој не’ гости со благи сирења и апатични часовници, во 16 век сееле крв во Европа како војници за богатство. Дури и во екот на ренесансата, 12 илјади војници кои биле на платниот список на царската војска биле отпуштени и го уништиле Рим и на своите мечеви оставиле осум илјади од неговите жители.

gabriel-garcia-marquez

Јас немам намера да ги отелотворам илузиите на Тонио Кругер, чии соништа за обединување на чистиот север со страствениот југ беа воздигнувани тука пред 53 години и тоа од Томас Ман. Но, јас верувам дека тие остроумни Европејци кои се борат, и овде, за поправедна и похумана татковина, можат многу повеќе да ни помогнат доколку го преиспитаат начинот на кој не’ гледаат. Солидарностa со нашите соништа нема да направи да се чувствуваме помалку сами, се додека тоа не е претворено во конкретни дела на легитимна поддршка за сите народи кои ја претпоставуваат илузијата дека имаат свој живот при  распределбата на светот.

Латинска Америка ниту сака, ниту има причина да биде пион без своја волја, ниту пак си замислува дека нејзината потрага по независност и оригиналност треба да стане апсирација на Западот. Сепак, навигациските предности кои ги намалија таквите далечини помеѓу нашите Америки и Европа изгледа дека ја акцентираа нашата културна оддалеченост. Зошто оригиналноста која толку лесно ни се придава во книжевноста толку недоверливо  ни е негирана во нашите тешки обиди за општествена промена?

Зошто да се мисли дека општествената правда барана од прогресивните Европјани во нивните држави не може да биде цел и за Латинска Америка, со поинакви методи за различни услови? Не: немерливото насилство и болка на нашата историја се резултат од древни нееднаквости и недоречени горчини и не е заговор скроен 3000 милји од нашиот дом.

Но, многу европски лидери и мислители мислеле така, со незрелоста на „олдтајмерите“ кои ги заборавиле плодните испади на нивната младост, како да е невозможно да се пронајде друга судбина освен да се живее на милост и немилост на двајцата големи господари на светот. Ова, мои пријатели, е скалилото на нашата осаменост.

140417171357-03-gabriel-garcia-marquez-horizontal-large-gallery
(Габриел Гарсија Маркес на доделувањето на Нобеловата награда за литература)

И покрај ова, на угнетувањето, ограбувањето и напуштањето, ние одговараме со живот. Ниту поплави, ниту зла, глад, ниту катаклизми, ниту пак вечните војни век по век, не биле во можност да ја покорат постојаната предност на животот над смртта. Предност што расте и се забрзува: секоја година, има 74.000.000 повеќе раѓања отколу умирања, доволен број на нови животи за 7 пати да го надминат бројот на луѓе во Њујорк.

Повеќето од овие раѓања се случуваат во државите со најмалку средства, вклучувајќи ја секако и Латинска Америка. Спротивно на тоа, најпросперитетните земји успеале да акумулираат моќи за уништување за 100 пати да ги уништат, не само сите човечки суштества кои постоеле до овој ден, но исто така и вкупниот број на сите живи суштества кои некогаш земале здив на оваа планета на несреќа.

На ден како овој, мојот господар Вилијам Фокнер рече: „Јас одбивам да го прифатам крајот на човекот”. Јас би бил недостоен да стојам на ова место кое беше негово, ако не сум целосно свесен дека огромната трагедија која тој одби да ја признае пред триесет и две години, се случува сега, за првпат од почетокот на човештвото, и е ништо повеќе од едноставна научна веројатност.

Соочен со оваа прекрасна реалност која најверојатно делувала како обична утопија низ целата историја, ние, создавателите на приказни, кои би поверувале во се, чувствуваме дека имаме право да веруваме дека се уште не е доцна да се впуштиме во создавање на спротивната утопија. Нова и прекрасна утопија на животот, каде никој нема да може да одлучува како другите ќе умрат, каде ќе се докаже дека љубовта е вистинска, а среќата возможна и каде расите осудени на сто години самотија, конечно и засекогаш, ќе имаат втора шанса на Земјата.

 

 

 

 

Leave a comment