5 книги кои Стивен Кинг мисли дека треба да ги прочитате!

Стивен Кинг е еден од најпопуларните писатели на денешницата. Тој има освоено над 50 книжевни награди, голем дел од неговите дела се претворени во успешни филмови и постојано пишува со полна пареа. Се смета за мајстор на хорор книгите, а ова се неговите омилени книги, книги кои мисли дека секој треба да ги прочита.

Stephen King

Авантурите на Хаклбери Фин“ – Марк Твен

13_44_20_16__11__6_20129100169

Марк Твен длабоко влијаел на создавањето на модерната американска книжевност и Кинг не е имун на неговата магија. Кинг тврди дека читањето на Твен било неговото „прво вреднување на човековата природа“ во книжевноста. Откако ја завршил „Авантурите на Том Соер“, Кинг не можел да застане сè додека не ги прочитал сите дела на Марк Твен.

Сатански стихови“ – Салман Ружди

12781

Четвртата книга на Ружди е позната по својата контроверзност, но сепак се работи за приказна со длабочина. Книгата била забранувана и палена во голем дел од земјите од Блискиот Исток, а главните челници во Иран ја барале главата на Ружди поради неговото портретирање на пророкот Мухамед. И покрај лутината и бесот, оваа книга била номинирана за многу престижни награди. Ова е приказна за нереалното патување на двајца луѓе кои се обидуваат да си го средат животот.

Господар на мувите“ – Вилијам Голдинг

7624

Кинг толку многу ја сака оваа книга што го има напишано воведот во едно од поновите изданија. Во воведниот есеј, тој зорува за тоа како првпат ја одбрал книгата од еден „Букмобил“. Тој потоа продолжува да зборува за тоа како оваа приказна ги покажува различните страни на децата: „Дали можеме да бидеме добри? Да. Дали можеме да бидеме љубезни? Пак да. Дали, можеме за само еден миг да станеме малечки чудовишта? Секако дека можеме.“ Оваа книга на Голдинг дава прецизни описи на децата, помешани со стравот и слободата која доаѓа со големите патувања.

Мрачна куќа“ – Чарлс Дикенс

31242

Кинг го сака Дикенс поради неговите ликови и екстензивни приказни, нешто што е карактеристика и за пишувањето на Кинг. Влијанието на Дикенс врз Стивен Кинг е очигледно со оглед на тоа дека постојано ги споредуваат. „Мрачна куќа“ е едно од најобемното дело на Дикенс со преку 60 поглавја и повеќе подзаплети.

Крвавиот меридијан“ – Кормак МекКарти

394535

Другиот жив мајстор на стравот и едно од најважните дела помеѓу хорор книгите, „Крвавиот меридијан“ е модерно ремек-дело. Брутално и непростливо патување низ боиштата во Тексас и Мексико низ кои се движи еден од најстрашните негативци на сите времиња, Судијата. Ако ви се допаѓаат делата на Стивен Кинг, не заборавајте да го прочитате овој епски хорор.

Leave a comment