Како да се одбранат книжарниците во ерата на дигитално читање?

Порано имало само еден начин да се чита нешто: На хартија, во книга. Пред да се појават филмовите и технологијата за слушање, книгите со тврд повез и весниците биле единствен начин на кој сте можеле да ги добиете информациите и литературата. Но, со текот на годините и вековите, технологијата го фатила чекорот со побарувачката и наместо еден начин на читање, сега има дузина. Аудио-книги, подкасти, киндл – нема крај на начинот на кој можете да ја конзумирате вашата литература.

Што значи оваа нова технологија за печатените книги? Сега кога не мора да одиме до книжарници за да го земеме тоа што ни треба, нема голема потреба истите да останат отворени. Многу луѓе ги претпочитаат е-читачите, затоа што се преносливи, некои од книгите се поевтини ако ги купите во електронска верзија и плус во тој уред можете да складирате стотици книги.

tumblr_mxfywbrwna1rze83no1_500

Поради овие причини, веќе има очигледен пад во постоењето на физички книжарници. На пример, огромна книжарица која беше подружница на „Барнс & Ноубл“, беше затворена во 2011 година поради недостатокот од побарувачка, помеѓу останатите работи.

Секојдневно гледаме како помалите книжарници се борат за да опстанат. Па што е тоа што е потребно за да се отвори книжарница во оваа ера на дигитално читање?

Книжарниците на 21 век се соочуваат со нови очекувања. Муштериите претпоставуваат дека книжарниците ќе понудат нешто што тие не го виделе досега, нешто со што ќе бидат примамени и нешто поради кое ќе сакаат да се вратат назад во истата книжарница.

Кога Самер Робинсон, сопственичка на „Пајлот Букс“, ја отвори нејзината книжарница во 2009 година, таа имала визија да создаде заедница на читатели околу нејзината лична книжевна збирка од околу 600 книги. Нејзината мисија привлече страствена група на читатели, но за жал нејзиниот бизнис пропадна по само две години. Очигледно е дека самата страст и посветеноста на вашата визија повеќе не е доволна. Идните сопственици на книжарници мораат да знаат дека покрај ентузијазам и љубов кон литературата, тие исто така мора да ја земат предвид и попрактичната страна на светот.

Една статија на „Њујорк Тајмс“ од 2016 година објаснува дека идните сопственици на книжарниците мораат добро да размислат за да го претворат својот сон во реалност. Статијата ги потенцира и финансиите и локацијата – многу важни работи за секој нов бизнис, особено за новите, помали книжарници. Помалите книжарници мора да бидат способни да штедат, особено поради фактот што на почетокот нема да можат да плаќаат самите.

Успешната книжарница бара посветеност од својот сопственик, особено во тешките времиња на самиот почеток, знаејќи дека на крајот тоа ќе се исплати. Локацијата е уште еден многу важен фактор – книжарницата мора да биде лоцирана на место каде што се потребни книги, но и во заедница која може да си дозволи финансиски да ја поддржи книжарницата.

И како за крај, книжарницата мора да има мисија и визија. Таа треба да биде место каде што читателите се чувствуваат удобно при нивното истражување, каде може да почувствуваат како околу нив се создава нова заедница каде ќе можат да се поврзат со други љубители на книжевноста.

 

 

 

Leave a comment