Зарем има љубител на книгата кој не сака во своите раце да го држи првото издание од својата омилена книга? Да има можост да ги разлиста првите изданија на „Хамлет“ и „Магбет“, како што тоа го правеле луѓето во Лондон во 1623 година… Зарем е возможно човек да има толку високи и недостижни соишта? Сепак, тие соништа не се толку недостижни колку што мислите, едноставно треба да најдете начин да ја посетите библиотеката за ретки книги „Томас Фишер“ во Торонто, Канада. Таму може да најдете некои од најстарите книги, заедно со уште 700.000 ретки, историски текстови кои се достапни за јавноста.

Сместен во кампусот на Унивезитетот во Торонто, библиотеката „Томас Фишер“ го одзема здивот уште со својата надворешност. Го има тој архитектонски стил кој бил популарен во 70-тите години на 20 век. Но, внатре, тежината на литературата стара со векови и векови го брише секој модернистички дизајн.

Содржините на оваа збирка се над секое разбирање и ги вклучуваат не само единствените преживеани први изданија на Шекспир, но и издание од првиот англиски превод на политичките дела на Макијавели и воодушевувачка збирка од делата на Луис Керол. Но, можеби најневеројатното нешто во библиотеката се нејзините различни „монструозни“ текстови.

