Како читањето влијае на вашиот љубовен живот?

Дали некогаш ви се случило да се заљубите во некого врз основа на неговата листа за читање?

Ако одговорот е „Да“, тогаш не сте единствени, затоа што според eHarmony, книгите на вашата ноќна масичка сериозно влијаат на вашиот љубовен живот.

Оваа веб-страна за запознавање открила дека доколку на вашиот профил го наведете читањето како хоби, тоа ви дава значително поголема тежина и ве прави попривлечни за спротивниот пол.

Всушност, информациите откриваат дека мажите кои го додаваат читањето добиваат повеќе пораки – 19% повеќе во споредба со оние кои го немаат додадено читањето како хоби, додека пак кај жените се работи за 3% повеќе.

Исто така се покажало дека љубителите на книги се сметаат за „пољубопитни во интелектуална смисла и за нив е полесно да формираат отворени врски кои се темелат на доверба.“

9044e3869cd45a54d36f6fa0cf641035

Но, како и со повеќето работи во светот на онлајн запознавањето, има една финта поврзана со книгите кои ги наведувате на вашиот профил.

Кога станува збор за книгите кои ги читате, постои една премолчана книжевна хиеархија која треба да се земе предвид.

Мажите кои ги спомнуваат книгите „Батали, ајде да го направиме тоа“ и „Како девица“ на Ричард Брансон, ќе добијат неверојатни 74% повеќе внимание од оние кои ги немаат наведено овие книги.

По нив следуваат „Девојката со тетоважа на змеј“ (36%), „1984“ (21%) и „Кодот на ДаВинчи“ (5%).

Кај жените, најголемото внимание и зголемено ниво на пораки го добиваат со додавање на „Игра на гладните“ (44%), „Девојката со тетоважа на змеј“ (31%) и „Игра на тронови“ (30%).

Но, имајте на ум дека нема сите книги да ви донесат поени. Истражувањето открило дека додавањето на Библијата е минус и за двата пола, додека пак додавањет на „50 нијанси сиво“ резултирало со тоа што жените добивале помалку пораки (пораките паднале за цели 16%), додека пак мажите кои го навеле книжевниот серијал „Хари Потер“ добивале 55% помалку пораки.

Извор.

 

 

 

 

 

Leave a comment