Читањето, освен што е начин да си ги прошириме хоризонтите, е клуч за успех во животот. Некои од најуспешните луѓе како Бил Гејтс и Елон Муск посветуваат голем дел од нивното време на читање. Муск дури и вели дека неговите познавања за тоа како да гради ракети е благодарение на неговиот репертоар на читање, а истражувањата потврдија дека читањето го намалува стресот, го зголемува фокусот и го подобрува краткорочното и долгорочното помнење.
Поволностите од читањето се јасни. Но, читањето си бара време, а во овие модерни времиња, кога животот ни е сведен на трчање наваму-натаму, речиси е невозможно и да се најде време за читање и да се остане фокусиран на она што се чита.
За среќа, експертите на Харвард откриле некои финти со кои не само што ќе го направите читањето ваша навика, туку и радикално ќе го зголемите квантитетот на вашето читање.

Прочитајте ги овие седум практични начини кои ќе ви помогнат да ги подобрите вашите читачки навики.
Прифатете дека сосема е во ред да се откажете
Понекогаш зaпочнуваме некоја книга и сфаќаме дека ниту уживаме во неа, ниту наоѓаме смисла, но сепак ја дочитуваме, затоа што не сакаме да се откажуваме.
Гречен Рубин, авторка на бестселерот „Проект среќа“ и експерт на Харвард, открила дека овој „победниците не се откажуваат“ став, лошо ќе влијае на вашата навика за читање.
Рубин вели дека раното откажување ви дава „повеќе време за читање добри книги, а помалку време за читање книги поради некакво чувство на обврска.“ Гледајте на тоа на овој начин: секоја година се издаваат околу 5000 книги. Зошто да си го трошите времето на книги во кои не уживате?
Секаде постојат скриени минути
Стивен Кинг, кој на читањето му го припишува својот успех како писател, на луѓето им велел секој ден да читаат околу 5 часа, доколку сакаат да ги следат неговите стапки.
Зафатените луѓе најверјатно ќе се изнасмеат на ова, но во суштина Стивен Кинг постојано носи книги со себе и чита на нога и дури кога не е дома. Тој чита и на натпревари.
Париша има кажано: „Постојат скриени минути во сите агли на денот и тие додаваат многу минути“. Не велам дека треба да извадите книга на свадбата на вашата сестра, но постојат мали можности да читате книги на многу места.
Држете си го тоа за себе
Науката вели дека колку повеќе ги споделувате вашите намери со другите при остварување на вашата цел, толку поголема е шансата тоа да ви се удри од глава и имате помалку шанси да успеете.
Кога луѓето ја споделуваат својата цел, тие имаат помала мотивација да работат напорно. Па така, ако решите да се посветите на читање повеќе книги, искажете си ја целта и чекорите како да го направите тоа – но, задржете го тоа за себе.

Ограничете ги работите кои ви го одвлекуваат вниманието
Нил Пасриша го има направено ова со тоа што го однел телевизорот во подрум и ги ставил полиците во центарот на главниот ѕид од дневната соба. Наводно инспирацијата за ова дошла од еден експеримент од психологот Рој Баумајстер.
Гладните испитаници биле замолени да склопат една долга сложувалка. На некои им била дадена храна, а на некои колачиња (и им било речено да не ги јадат колачињата). Групата со колачињата се предала прва, затоа што цела енергија ја вложиле во тоа да се држат на страна од колачињата.
Читајте печатени книги
Истиот совет од погоре може да се примени и тука, кога станува збор за претпочитање на печатените книги пред е-читачите. Тоа што имате физичко парче за читање во вашите раце наместо направа на која може да се вклучите на социјални мрежи или да проверувате мејл може значително да ја подобри вашата концентрација и желба за читање.
Но, ова е само една од причините за да се претпочитаат печатените книги пред електронските. Во ера кога целата нашата забава и професионални канали се наоѓаат на екраните, добро е да го освежуваме умот со тоа што ќе држиме книга во рака.
Променете ја состојбата на вашиот ум
Рајан Холидеј, стратег за медиуми и писател, истакнува дека начинот на кој гледате на читањето е клучот за да читате повеќе. „Мора да престанете да мислите за читањето како некоја активност која ја правите… читањето мора да ви стане природно како јадењето и дишењето. Тоа не е нешто што го правите затоа што така ви дошло, туку затоа што е рефлекс.“
За успешните, сонот не се постигнува со зборење за тоа како да се постигне, туку е специфична, добро размислена желба која секогаш се случува. Можете да го направите тоа уште денес со тоа што ќе ги претворите вашите читачки навики во специфични, временски зададени цели и секој ден да ги ставате на врвот на вашата листа со приоритети.

Најдете некои одбрани листи
Заморот од носење одлуки е реална работа и може да ја изеде вашата волја при стекнете нови навики како читањето.
Истоштувачкиот напор да се најде книга помеѓу илјадниците книги може да ви ја уништи умствена сила и волја за читање уште пред да почнете да читате, па затоа добра идеја е најдете листи со книги и препораки.
Успешните луѓе како Бил Гејтс и Марк Закенберг постојано ги споделуваат книгите што ги читаат. Со неколкуминутно пребарување на Гугл, може да ги следите читачките навики на успешните луѓе. (А воедно тука и тука може да ги следите и препораките на Кафе и книги)
Можеби не можеме сите да читаме 500 страни дневно како Ворен Бафет или да читаме 50 книги годишно. Но, може да се посветите и да ги искористите овие совети за да прочитате повеќе книги годинава, да ја подобрите вашата способност да примате информации и да ги соберете поволностите кои ги носи читањето.
