Љубителите на книги се пољубезни, пофини и полни со емпатија!

Драги вљубеници во пишаниот збор, многу често велат дека тие што цело време читаат книги се недруштвени и се затвораат во свој свет, но најновите истражувања покажуваат дека оние коишто редовно читаат, особено фикција, се всушност пољубезни и се поголеми емпати.

Истражувањето, спроведено од Универзитетот Кингстон во Лондон, коешто беше неодамна презентирано на конференцијата на Британското психолошко општество во Велика Британија, откриле и дека оние коишто само гледаат телевизија се помалку љубезни и помалку ги разбираат другите луѓе.

girl-reading-with-cup-of-tea

За потребите на истражувањето, истражувачите испрашале 123 луѓе за нивните желби во однос на книгите, телевизиските серии и театарските претстави. Тие исто така биле прашувани за тоа каков тип на забава претпочитаат, од комедии до романса и драма или документаци.

Тие потоа биле тестирани за нивните социјални вештини, каде истржаувачите ги прашувале за нивното однесување кон другите, дали ги земале предвид чувствата на другите луѓе, дали ги разбирале и почитувале мислењата на другите луѓе и дали тие активно им помагале на другите луѓе.

Според одговорите, истражувачите добиле многу интересни резултати. Тие откриле дека оние кои читале повеќе имале попозитивно општествено однесување и поголема способност за сочувство кон другите, додека пак оние кои претпочитале да гледаат телевизија не ја покажувале истата способност да сочувствуваат и биле понаклонети кон антисоцијано однесување.

book-pic

Роуз Тарнер, која го водела истражувањето, рекла: „Наодите од истражувањето ги поткрепуваат претходните докази кои укажуваа на тоа дека читателите на фикција имаат палета од емпатски способности.“ Сепак, „сите форми на фикција не се исти. Поврзаноста помеѓу емпатските способности, медиумите и жанровите варира.“

Тие откриле дека омилените жанрови на луѓето се поврзани со нивните социјални вештини и однесување. Оние кои сакаат романси и драми покажале најсилна емпатија и способност да ги разберат различните мислења, додека пак обожавателите на комедија најмногу и најлесно се повруваат со друите.

Тарнер изјавила: „Читањето фиктивна проза, особено комедија, може да биде клуч за подобрување на емпатските пособности.“

Истажувачите заклучиле дека оние кои постојано читаат фикција се поприспособени да ги гледаат работите низ очите на другите луѓе, а тоа ги прави подобри во разбирањето на луѓето. Сепак, тие признаваат дека нивното истражување не заклучило дали ефектите се причински – дали читањето ве прави подобри и поголеми емпати или луѓето кои се емпати се едноставно наклонети кон читање?

Секако дека се потребни понатамошни истражувања на оваа тема, но во меѓувреме, земањето книга во рака не може да наштети, а може да го направи светот подобро место за живеење.

 

Leave a comment