Ако сте се прашувале дали големите писателски имиња некогаш се бореле со насловите, прашањето е: да. Компанијата Џонкерс создала инфографик кој го докажува тоа. Во продолжение прочитајте ги оригиналните наслови на некои од најпознатите наслови во литературата.
Наслов: „Гордост и предрасуди“
Работен наслов: „Први впечатоци“
Авторка и година на издавање: Џејн Остин, 1813

Иако „Први впечатоци“ била завршена во 1796 година, Џејн Остин не можела да најде издавач се додека не ја завршила „Разум и чувства“ во 1811 година. „Први впечатоци“ значително била променета во 1811 и 1812, па се претпоставува дека и тоа е причината поради која на крај го добила своето име „Гордост и предрасуди“.
Наслов: „Тајната градина“
Работен наслов: „Љубовницата Мери“
Автор и година на издавање: Франсес Хоџсон Барнет, 1911

Работниот наслов се однесува на еден од ликовите во книгата Мери, која била позната под тоа име. Покрај тоа, во книгата има и едно поглавје „Mary, Mary, Quite Contrary”, а тоа е референца на англиската негувателска рима која била популарна во тоа време.
Наслов: „Малата Дорит“
Работен наслов: „Ничија вина“
Автор и година на издавање: Чарлс Дикенс, 1857

Книгата „Малата Дорит“ преставува еден вид општествен коментар и ликовите во неа се жртви на околностите, наместо да се обвинуваат себеси, па и оттаму името „Ничија вина“. Промената во насловот дошла откако Дикенс сфатил дека вината лежи во сите, а не во никој.
Наслов: „Големиот Гетсби“
Работен наслов: „Трималкио во Вест Ег“
Автор и година на издавање: Ф. Скот Фицџералд, 1925

Се мислело дека насловот е референца која е премногу тешка за луѓето да ја разберат, бидејќи Трималкио е главен лик во книгата „Сајтрикон“ на Петрон. Во книгата имало мисла поврзана со Трималкио, но Фицџералд се согласил да го смени насловот.
Наслов: „Добриот војник“
Работен наслов: „Најтажната приказна“
Автор и година на издавање: Форд Мадокс Форд, 1915

Со оглед на тоа дека книгата била издадена откако започнала Првата светска војна, издавачите го замолиле Форд да го смени името на книгата. Тој на смеа, на шала го предложил името „Добриот војник“, но на издавачите им се допаднало името и го прифатиле тој наслов.
Наслов: „Господар на мувите“
Работен наслов: „Странците одвнатре“
Автор и година на издавање: Вилијам Голдингс, 1954

Своевремено еден од издавачите сметал дека предложеното име е преапсурно и преексплицитно, па на еден од уредниците му паднало на памет името „Господар на мувите“ што всушност е превод на хебрејскиот збор „Бизлебуб“, кој го означува Ѓаволот.
Наслов: „Мојата борба“
Работен наслов: „Четири и пол годишна борба против лаги, глупости и кукавичлук“
Автор и година на издавање: Адолф Хитлер, 1925 година

Издавачот на Хитлер всушност го предложил многу пократкото име „Мојата борба“ наместо долгото име на автобиографската книга која Хитлер ја напишал додека бил во затвор.
Наслов: „Да се убие птицата подбивница“
Работен наслов: „Атикус“
Автор и година на издавање: Харпер Ли, 1960

Иако Атикус е еден од најважните ликови во „Да се убие птицата подбивница“, сепак Харпер Ли не сакала книгата да се вика само според еден лик, па затоа го сменила насловот.
Наслов: „Одвеано со виорот“
Работен наслов: „Утре е нов ден“
Автор и година на издавање: Маргарет Мичел, 1936

Првичниот наслов бил последната реченица од книгата, но Мичел одлучила дека дека сака насловот на книгата да биде првиот стих од третата строфа од поемата „Non Sum Qualis Eram Bondae sub Regno Cynarae” од Ернест Досон.
Наслов: „Лолита“
Работен наслов: „Кралството покрај морето“
Автор и година на издавање: Владимир Набоков, 1955

Поемата „Анабел Ли“ од Едгар Алан По значително му влијаела на Набоков. Работниот наслов „Кралството покрај морето“ е преземен од еден стих од песната. Дури и крајниот наслов „Лолита“ има влијание од оваа поема.
Наслов: „1984“
Работен наслов: „Последниот човек во Европа“
Автор и година на издавање: Џорџ Орвел, 1949

Постојат многу теории за тоа зошто Орвел се решил да ја именува својата книга „1984“, но првично книгата се викала „Последниот човек во Европа“ што било одраз на тоа колку изолирано се чувствувал Орвел додека ја пишувал книгата и на физичката осаменост којашто ја чувствувал, бидејќи во тоа време живеел на островот Јура. Покрај тоа и главниот лик во книгата, Винстон, се чувствува неверојатно изолирано во книгата.
Наслов: „Рамнодушниот Атлас“
Работен наслов: „Штрајк“
Автор и година на издавање: Ејн Ренд, 1957

Откако го избрала насловот „Штрајк“, Ејн Ренд не била задоволна затоа што сметала дека насловот открива многу информации за важен дел од книгата, па затоа нејзиниот сопруг и го предложува името „Рамнодушниот Атлас“.
Наслов: „Глувци и луѓе“
Работен наслов: „Нешто што се случи“
Автор и година на издавање: Џон Штајнбек, 1937

Штајнбек го избрал првичниот наслов затоа што сметал дека никој не може баш да биде обвинет за она што се случува во книгата, но подоцна се инспирирал од поемата „За еден глушец“ од Роберт Барнс и избрал слична тематика за својот нов наслов.
Наслов: „Војна и мир“
Работен наслов: „Се е добро, кога добро ќе заврши“
Автор и година на издавање: Лав Толстој, 1869

Откако го ставил првичниот наслов, Толстој одлучил дека сака да даде повеќе позадина за војните кои се случиле пред 1863 година, како на пример Кримската војна и инвазијата на Наполеон врз Русија, па оттаму „Војна и мир“ делувало како поприкладен наслов.
Наслов: „Враќање во Брајдсхед“
Работен наслов: „Куќа на верата“
Автор и година на издавање: Ивлин Во, 1945

Првичниот наслов на Во укажува на неговата желба да ја напише големата католичка книга на неговото време. Но, по ревизиите и поправките, католичкиот елемент малку паѓа во позадина, па книгата го добива својот наслов рефлектирајќи го главниот лик во книгата.
Во продолжение погледнете го инфографикот:

