Кога човек еднаш ќе се заљуби во книгите, нема назад. Кога човек еднаш ќе се заљуби во читањето, нема да знае како без нив. Самиот процес на заљубување во книгите има различни етапи, циклуси и моменти кои го одбележуваат вљубувањето во книгите.
Во една интересна илустрација која можете да ја видите подолу, претставени се сите етапи низ кои поминува еден просечен читател и љубител на книги. Дали можете да се пронајдете себеси во нив?
Ова се етапите:
1. Откривање на книгите
2. Заљубување на книгите
3. Книгите како дел од сопствениот идентитет
4. Книгите како замена за човечка интеракција
5. Книгите како неподнослива фрустрација
6. Нема книги – застој во читањето
7. Повторно откривање на книгите
8. Собирање книги
9. Пренесување на книгите на следната генерација.
Се согласувате ли? Во која етапа сте вие?

