Што е заедничко за сите успешни луѓе?

Најуспешните луѓе имаат една карактеристика која им е заедничка: тоа не е високиот коефициент на интелигенција, ниту пак сите имале среќа во постигнувањето успех, но сите имаат навика да читаат. Книгите биле нивна најисплатлива инвестиција.

Од два долари до дваесет милијарди долари

Двајца тинејџери се вработиле во локалниот маркет во градот Омаха во Небраска, САД. Постариот дечко бил од сиромашно семејство кое се изнамачило за време на Големата депресија. Одгледувал хрчаци и потоа ги продавал за ситни пари. Помладиот дечко, внукот на газдата на маркетот, го одложувал одењето во вишо училиште и имал хонорарни работи од типот: одел од врата на врата и продавал гуми за џвакање и Кока-Кола во шишиња.

Во тоа време, секој од нив заработувал околу 2 долари дневно. Неколку децении подоцна, нивниот конгломерат, Беркшир Хетевеј ќе прави профит од 20 милијарди долари годишно. Кои се тие млади луѓе? Чарли Мунгер и Ворен Бафет. Како тие успеале да станат најуспешните инвеститори кои Америка некогаш ги видела?

Warren Buffett And BofA CEO Brian Moynihan Speak At Georgetown University

Бафет трошел 80% од своето време на читање

Да скокнеме до 2007 година, во која 84-годишниот Чарли Мунгер ја открива тајната на нивниот успех на една група млади студенти по право:

„Постојано гледам како во животот успеваат луѓето кои не се ни најпаметни, ниту највнимателни, но многу брзо учат. Секоја вечер заспиваат малку помудри отколку што биле кога се разбудиле тоа утро и тоа навистина им помага, особено ако размислуваат на долги патеки.“

Според наводите, Бафет на почетокот од својата инвестициска кариера читал од 600 до 1000 страници секој ден. И ден денес посветува 80% од своето време на читање. Неговата поука до сите заинтересирани: без оглед на тоа што сте постигнале во животот, продолжете да учите и успехот нема да изостане.

Милијардерскиот книжевен клуб

Бафет и Мунгер не се единствените кои го припишуваат својот успех на читањето.

bill-gates-libros

За технолошкиот бизнисмен Елон Муск се вели дека научил како да изгради ракета читајќи книги. Муск како дете бил малтретиран од своите врсници и утеха наоѓал во научнофантастичните романи и фантазиите кои го инспирирале да остави трага во светот.

Бил Гејтс, најбогатиот човек на светот, долгогодишен љубител на книги, чита околу 50 книги годишно, но само книги кои не се белетристика. Иако многу патувал и запознал интересни луѓе, сепак новите знаења претпочитал да ги стекнува со читање книги.

На сличен начин Марк Закенберг го повика целиот свет да му се придружи во неговото настојување да чита една книга на секои две недели во текот на 2015 година, основајќи го виртуелниот клуб за љубители на книгите.

4a4d0bcaaf2ad847a23bc5d78037e868_hva6okf

И Никола Тесла бил страствен читател. Како студент, Тесла го поминувал своето време во библиотеките барајќи книги и на тој начин го збогатувал своето знаење. Бил трпелив и секоја книга што ќе ја земел во раце ја читал до крај. Тој има изјавено: „Учев туѓ јазик, проучував книжевност и уметност и ги поминав своите најдобри години во библиотеката читајќи се што ќе ми падне во рака и почувствував дека залудно губев време, но набргу сфатив дека тоа е најдоброто нешто што сум го направил.“

Дали сакате вечер да заспиете малку помудри?

Иако читањето е вредна активност, многумина го доживуваат како обврска. Зошто би читале кога на крајот од денот можете да ја гледате својата омилена серија? Или да испиете кафе со пријателите? Што би се случило кога би ги стекнале сите предности на читањето без да се одрекнете од другите задоволства?

Освен тоа, самиот чин на читање ви носи и други поволности: може да ви го поправи расположението, затоа што опушта, може да развие повеќе емпатија и да ви помогне при носење на стратешки одлуки. Затоа создадете си рутина и навика за читање. Барем 15 минути дневно.

А кои се вашите цели кога станува збор за читањето?

 

Извор.

 

 

Leave a comment