Летото се наближува, а тоа значи дека ќе мора да ја освежиме домашната библиотека и да се подновиме со нови наслови за годишните одмори. Како што наближува летото, се почести се и промоциите, попустите и разните изненадувања кои ги нудат издавачките куќи, а во текот на оваа недела, од 23 до 28 мај, ќе имате можност да си изберете книга на Летниот саем на книга кој ќе се одржува во трговскиот центар „Рамстор“.

Летниот саем на книга е дел од активностите кои ги организира Македонската асоцијација на издавачи, а свое учество на Летниот саем на книга ќе имаат следните издавачки куќи:
Полица
Антолог
ТРИ
Едука
Сакам книги
Арс Ламина
Култура
На официјалниот настан на Фејсбук се вели дека попустите ќе се движат до 70%. Љубители на книги, оваа недела расчистете го распоредот и упатете се кон Рамстор!
Јас сигурно ќе го направам тоа! Се гледаме на Летниот саем на книга!
*сликата е преземена од официјалниот Фејсбук настан
