Книги кои Бил Гејтс ви ги препорачува за ова лето!

Бил Гејтс е дефиниција за успех. Тој направи цела империја со „Мајкрософт“, а тој и неговата сопруга Мелинда Гејтс се познати филантропи кои постојано донираат пари на земјите во развој. Тие се решени да остават 90% од своето богатство во добротворни цели.

summer-books_2017_article-hero_1200px_v1

Како што е тоа добро познато, Бил Гејтс е страствен читател и тој чита околу 50 книги годишно. На својата веб-страна тој постојано пишува интересни препораки за книги, а веќе традиционална стана неговата летна листа со препораки за книги.

Минатата година ја објавив неговата листа, а и оваа година ви ги пренесувам неговите препораки, па можеби ќе се инспирирате и некој од насловите ќе ви го привлече вниманието.

Ова се книгите кои Бил Гејтс смета дека треба да ги прочитате ова лето:

Полн живот“ – Џими Картер

25330592

Што вели Бил Гејтс:

„Иако поранешниот претседател веќе има напишано повеќе од 24 книги, сепак тој некако успеал да зачува неколку одлични анегдоти за оваа кратка, збиена прошетка низ неговиот фасцинантен живот.

Уживав читајќи за неверојатниот подем на Картер до најмоќната позиција на светот. Оваа книга ќе ви помогне да разберете како растењето во рурална Џорџија, во куќа без вода, струја и изолација, влијаело врз неговото време во Белата куќа (и за лошото и за доброто).

Иако повеќето од приказните доаѓаат од претходни декади, „Полн живот“ делува современо во време во кое довербата на луѓето во државните политички ликови и институции е на многу ниско ниво.“

Хомо Деус“ – Јувал Ноа Харари

31138556

Што вели Бил Гејтс:

„Во минатогодишната летна листа за читање ја препорачав претходната книга „Сапиенс“ на Харари, а ова провокативно продолжение е исто толку предизвикувачко четиво кое ве тера да го читате и поттикнува размислување. „Хомо Деус“ вели дека принципите кои го организирале општеството ќе подлежат на огромни промени во 21 век и тоа ќе има сериозни последници врз животот онаков каков што го знаеме.

Досега, работите кои го обликувале општеството, оние според кои се мериме самите себе, биле или религиозни правила за тоа како добро да се живее или некои поземјени цели како ослободување од болести, глад и војни. Каков би бил светот кога навистина би ги постигнале овие работи? Јас лично не се согласувам со се она што Харари го кажува, но тој има напишано паметен поглед на она што можеби го чека човештвото.

Елегија за селанецот“ – Џеј. Д. Ванс

27161156

Што вели Бил Гејтс:

„Обесправениот свет на сиромашните бели Апалачи, кој е опишан во оваа неверојатна книга која ќе ви го скрши срцето, е свет кој јас само површно го познавам. Ванс во најголем дел бил воспитуван од неговите грижливи, но нестабилни баба и дедо, кои го земале под закрила откако неговиот татко го напуштил, а неговата мајка не покажала голем интерес да го воспитува својот син.

И покрај се, тој го преживеал своето хаотично, сиромашно детство и на крај завршил на Правниот факултет на Јејл. Иако книгата дава увид во некои од сложените културни и семејни прашања кои се наоѓаат позади сиромаштијата, сепак вистинската магија лежи во самата приказна и храброста на Ванс да ни ја раскаже.

Срцето“ – Мејлис де Керангал

25664510

Што вели Бил Гејтс:

„Иако оваа книга ќе ја најдете во одделот за фикција во вашата локална библиотека, сепак она што де Керангал го направила тука во ова истражување на тагата е поблиску до поезија од што и да е друго. На своето најосновно ниво, таа ја кажува приказната за една трансплантација на срце: млад човек загинува во несреќа и неговите родители решаваат да го донираат неговото срце. Но, заплетот паѓа во сенка на силата на зборовите и ликовите во книгата.

Оваа книга користи прекрасен јазик за да ве поврзе со луѓе кои во приказната остануваат само неколку минути. На пример, де Керангал на неколку страници зборува за девојката на хирургот кој ја врши трансплатацијата иако никогаш не го сретнувате нејзиниот лик. Многу ми е драго што Мелинда (жена му, м.з) ми ја препорача книгата и јас неодамна му ја дадов на еден пријател кој, исто како и мене, најчесто се држи до нефикција.“

Нелегално роден“ – Тревор Ноа

29780253

Што вели Бил Гејтс:

„Како долгогодишен обожавател на „Д Дејли Шоу“, уживав читајќи го овој мемоар  на водителот на шоуто за тоа како тој го усовршил својот „аутсајдерски“ пристап во комедија откако целиот живот не можел сосема да се вклопи. Тој е дете на црна јужноафриканска мајка и бел швајцарски татко во Јужна Африка за време на апартхејдот и се родил како дете од мешани раси во земја каде меѓурасните врски биле забранети. Поголемиот дел од приказната на Ноа за неговото растење во Јужна Африка е трагичен. Сепак, секој гледач на неговите ноќни монолози знае дека неговите трогателни приказни  многу често ќе ве засмеваат.“

Погледнете го и видеото кое тој го објави на неговата веб-страна каде што зборува за книгите кои ги препорачува:

 

 

 

Leave a comment