Откриени нови, досега непознати поеми на Силвија Плат!

Неколку претходно непознати поеми на Силвија Плат се откриени скриени во позадината на една од нејзините тетратки, според „Гардијан“. Истражувачи кои работеле на нова книга за поетесата наишле на парче јаглеродна хартија која содржела две поеми од Плат и можеби уште една, но за последнава се уште нема официјална потврда.

Хартиите на Плат се чуваат во библиотеката „Лили“ на Универзитетот „Блумингтон“ во Индијана. На истата јаглеродна хартија, како и новооткриените поеми, Плат ја напишала содржината на една збирка со поезија на нејзиниот сопруг Тед Хјуз. На таа хартија, Плат напишала две нејзини објавени поеми „Природна историја“ и „Сврачката“, како и две необјавени поеми.

plath-on-wall

Со помош на фотошоп, академикот Питер К. Стајнберг, кој ја истражува Плат, ја дешифрирал „До огноотпорниот Дедо Мраз“, поема за копнежот за убавото време во Шпанија за време на една студена англиска зима (Плат и Хјуз го поминале својот меден месец на источниот брег на Шпанија). Од Гардијан велат: „Иако тие велат дека поемата е инфериорна во однос на подоцнежните поеми на Плат, сепак академиците го опишале пејсажот во поемата како „спектакуларен““. Втората поема „Депресии“ е говор на еден параноиден пациент упатен на докторот. Третата откриена поема најверојатно е на Плат, но истата се уште не е дешифрирана.

Книгата на Стајнберг, која тој ја пишува  заедно со својот соработник и истражувач Гејл Кроутер, се вика „Овие сенишни архиви“ и ги открива овие и други нови откритија за поетесата која почина во 1963 година и ќе излезе во октомври.

Извор.

Leave a comment