Зошто треба да читате пред спиење?

Како да ви е потребна уште една причина да читате!

Нам воопшто не не’ изненадува фактот дека читањето е добро за здравјето бидејќи тоа го знаевме уште одамна! Но, дали знаете зошто? Според најновите наоди, читањето пред спиење носи со себе многу поволности. Ако веќе го правите ова, вие сте среќници. Ако не, можеби треба да почнете.

tumblr_inline_niu8brfqbk1rn2b1p

Еве зошто треба да читате пред спиење:

Ќе спиете подобро

Читањето ќе ви помогне полесно да заспиете, затоа што ќе ви ги оттргне мислите од секојдневните проблеми. На пример, кога им читаме на децата пред спиење, многумина од нив заспиваат уште пред крајот на приказната. Исклучок од ова е секако моментот кога читате возбудлив дел од книгата, тогаш не сакате да заспиете додека не ја дочитате книгата до крај.

Го намалува нивото на стрес

Една група истражувачи откриле дека читањето пред спиење може да го намали стресот за 68%. Тоа значи дека ќе симнете многу тежина од вашите рамена!

Ќе бидете посмирени

Пуштениот телевизор може да ве држи подолго будни, особено ако звукот е појачан. Читањето е одличен начин за лесно и бавно да се подготвите за спиење. Ова е многу подобро за вашето здравје и благосостојба.

Young Woman Washing Her Face

Ќе имате подобра концентрација

Кога „скролате“ по социјалните мрежи пред спиење, примате премногу различни работи одеднаш и тоа ви отежнува да се концентрирате на една единствена работа. Кога читате книга, приморани сте да се фокусирате само една приказна. На овој начин го тренирате мозокот да се смири и навистина да се концентрира.

Ќе станете почувствителни

Ќе станете посочувствителни со тоа што ќе го видите светот низ очите на другите, а читањето ви помага да го направите тоа. Според еден психолог од Универзитетот во Јорк, со читањето различни приказни и честото читање, вие добивате способност да гледате одредена приказна низ туѓ пар очи кои се различни од вашите.

Leave a comment