Шест интересни факти за „Појадок кај Тифани“ на Труман Капоти!

Една од најкултните книги на Труман Капоти, покрај „Ладнокрвно убиство“, е дефинитивно „Појадок кај Тифани“. Оваа книга е најпозната по својата екранизација со Одри Хепберн која стана уште покултен филм од книгата.

Кој може да ја заборави онаа легендарна сцена во која Одри облечена во црн фустан и бисери, стои и гледа во излогот на „Тифани“ или онаа прекрасна романтична сцена на дождот? Сите девојчиња сонуваа да бидат Холи Голајтли.

audrey-hepburn-in-breakfast-at-tiffanys

Иако книгата и филмот прилично многу се разликуваат, сепак филмот помогна за уште поголема популаризација на книгата. Многу се има пишувано за книгата, за споредбите меѓу филмот и книгата, како и дека Капоти го мразел филмот од дното на душата, а денес можете да прочитате неколку интересни и малку познати факти за оваа толку сакана и омилена книга.

Холидеј Голајтли не се викала секогаш така!

Во раните верзии на книгата, Холи првично се викала Кони Густавсон. Капоти подоцна го променил нејзиното име во Холидеј Голајтли.

Сите сакале да бидат инспирација

Џералд Кларк, биографот на Капоти, напишал: „….половина од жените што тој ги знаеше тврдеа дека тие биле моделот и музата што стои зад оваа откачена хероина.“

Сличности помеѓу Холи и мајката на Капоти?

Навистина има сличности помеѓу животите на Холи и мајката на Капоти, Нина Капоти:
~ Двете жени биле родени во руралниот југ и имале слични „селски“ имиња кои подоцна ги промениле.
~ И двете ги напуштиле сопрузите со кои се омажиле кога биле тинејџерки и ги напуштиле роднините кои ги сакале.
~ И двете постигнале одреден статус во повисоките општествени кругови со тоа што имале врски со побогати мажи.

328_31_15_11__10__3_201310

Инстинктот на едно списание

Приказната „Појадок кај Тифани“ оригинално била продадена на списанието „Харперс Базар“ за 2000 долари и првичниот план бил да биде издадена во јулското издание од 1958 година.

Оригинално имало идеја за фото-монтажа

На почетокот имало планови книгата да биде илустрирана со серија од фото-монтажи на Дејвид Ати.

Оригиналниот ракопис бил продаден за 306.000 долари

Оригиналниот ракопис на Капоти кој бил напишан на машина за пишување, бил ставен на аукција во Њу Хемпшир и бил продаден на Игор Сосин, руски милијардер, и тоа за 306.000 долари.

Leave a comment