Обично имам навика да споделувам македонска поезија, но случајно налетав на збирката „Записи“ од Блаже Конески и вниманието ми се наочи кон делот „Записи во проза“ и овој запис некако навистина ми остана во умот, па решив да го споделам на блогот.
Некако спонтано ми дојде да започнам рубрика „Прозни бисери“ каде што ќе споделувам извадоци, записи и интересна прозаод македонската книжевност. Иако е јуни, сепак има нешто прекрасно во меланхоличната нишка на овие зборови. Уживајте!
Мајска ноќ – Блаже Конески
Цела ноќ ја сонувам. Се будам повремено
колку да сетам дека зацраво ја нема, дека реалноста е безмилосно проста и јасна. Незаштитено
е моето срце во ваква ноќ, разградено за страдање. Говорам со неа на сон, и приоѓам, не можам
да совладам една проклета граница меѓу нас, се
будам — и сеќавам безмерна тага — ми лежи
тешко на левата страна од градиве. Ова е мајска
ноќ, врнежлива. Сега се слуша глас на птица од
бавчата. Како солза капе таа песна. Го шепотам
нејзиното име, самиот сум изненаден од тоа колку сум занесен. А само ужасна крајна самотија
ме допира со својата бестелесна дланка во оваа
ноќ.

