Летен саем на книга во „Капитол“!

Доколку некој од вас ги пропушти попустите на Летниот саем на книга во „Сити мол“, еве одлична можност да си ги купите книгите коишто ги сакате и тоа по намалена цена.

Во изминатиот период се случија многу промоции, попусти и летни саеми, а сега следува уште еден таков. Перидот пред летните одмори е совршен за нови книги. Македонската асоцијација на издавачи најавија дека од денес (14.06.) до 18.06.2017 година во „Капитол мол“ ќе се одржи уште еден Летен саем на книга.

19059207_1447319431991168_3284277115874353191_n

На официјалниот настан на Фејсбук се вели:

„МАИ и нејзините членови- издавачките куќи: Арс Ламина, Три, Антолог, Полица, Култура и Едука Мак за прв пат ќе ги претстават своите изданија во овој атрактивен мол (трговски центар) со што се надеваат на воспоставување на една нова и убава традиција – летото да започне со книга.
На вљубениците во убавиот пишан збор, издавачите од МАИ ќе им ги претстават најпродаваните странски и домашни изданија, како и најбараните наслови за најмладите по САЕМСКИ ПОПУСТ ДО 70%.“
Во рамките на саемот на книгата во Капитол мол, посетителите ќе имаат можност да присуствуваат на бројни промоции, работилници и средби со своите омилени автори.“

Се гледаме таму!

*сликата е преземена од официјалниот настан на Фејсбук

 

 

Leave a comment