Библиотеката „Клементинум“, прекрасен пример за барокна архитектура, за првпат бил отворена во 1722 година, како дел од Језуитскиот универзитет и во себе содржи повеќе од 20.000 книги. Пред некое време, на една анкета таа беше изгласана и за една од најубавите библиотеки во светот и се наоѓа во Прага, Чешка.
Фреските на таванот биле насликани од Јан Хиебл. Во 1781 година, директорот Карел Рафаел Унгар ја воспоставил „Библиотека Натионалис“, збирка од книжевност на чешки јазик. Некои од ретките историски книги од оваа збирка се испратени до Гугл за да бидат скенирани и достапни на „Гугл букс“.
Исто како што и библиотеката е ретко и малку познато богатство, со неа се поврзани малку познати факти: „Клементинум“ порано бил третиот најголем језуитски факултет во светот, мерењето на локалната клима започнала таму во 1775 години и се уште го прави тоа и оваа библиотека е спомната во книга на познатиот Хорхе Луис Борхес.
Погледнете во внатрешноста на оваа прекрасна библиотека и сега знаете каде да се упатите следниот пат кога ќе одите во Прага!








