Поседувањето книги во домот е многу важно за вашето дете!

Веројатно знаете дека книгите се важни се образованието и воспитувањето на детето. Она што веројатно не го знаете е всушност колку навистина се важни. Едно огромно истражување кое траело речиси 20 години открило дека самото поседување и имање книги во вашиот дом може да има големо влијание на академската иднина на вашето дете на ист начин како што тие влијаат нас вас.

Експертите за образование со години верувале дека најважниот фактор за тоа колкаво ќе биде нивото на образование на детето е самото образование на родителите. Но, ова и не е баш така, според 20-годишното истражување во 27 различни држави во светот спроведено од истражувачите на Универзитетот во Невада.

cute-kids-baby-asleep-reading-winnie-the-pooh

Професорката Мараја Еванс и нејзиниот тим истражувале деца и семејства кои живееле во различни околности и имале различни нивоа на образование и најзапрепастувачкиот момент кој тие го откриле било тоа што самото поседување книги е подеднакво важно како и образованието на родителот за приврзаноста на детето кон учење.

Разликата помеѓу тоа детето да расте во дом без книги и во дом со 500 книги, има подеднаква разлика како помеѓу родители со 3-годишно образование и родители со образование од 15 години. Дури и ако детето е одгледано од речиси неписмени родители, растењето во дом со 500 книги може да води кон тоа детето во просек да заврши 3.2 повеќе години во образовниот систем.

Чекор по чекор

500 книги звучи како многу, но на детето не му требаат толку многу за да ги добие поволностите – дури и 20 книги во куќата можат значително да влијаат на иднината на вашето дете.

Ова е важно, бидејќи критичарите на идејата имаат кажано дека не се книгите оние кои создаваат академски успешни луѓе, туку богатите домаќинства кои можат да си дозволат да купуваат повеќе книги. Но, истражувачите воопшто не се согласуваат. Тие велат дека книгите „особено се од корист за децата од домаќинства со помалку приходи.

Leave a comment