Летен фестивал на книгата во „ТРИ“!

Со мотото „Летото по книгите се памети“ започнува Летниот фестивал на книгата во „ТРИ“. Од денес, 20 јуни, до 31 август сите љубители на книги ќе можат да уживаат во попустите и изненадувањата на Издавачкиот центар ТРИ и да си ја подновата домашната библиотека и истовремено да си ги најдат совршените наслови за на плажа.

19399598_10155411769669817_4078334268057469739_n

На официјалниот настан на Фејсбук е објавено следното:

„Од денес во книжарниците на ТРИ во центарот на градот летна промоција на книги и попусти на сите изданија до -70%

Ново издание на Летниот фестивал на книгата! И оваа година ве очекува навистина богат и атрактивен избор на книги од сите жанрови, одлични препораки за читање, тематски настани и средби со автори, и се разбира, специјални фестивалски цени на целата книжевна понуда. Фестивалот на ТРИ, како и секогаш, се фокусира на читателите и има за цел да го истакне читањето како вистински начин да се помине (и искористи) летниот период.

Под слоганот „Летото по книгите се памети“, во книжарниците на ТРИ во ГТЦ и Дебар Маало од 20 јуни ќе имате можност да откриете два одлични новитета – бестселерите „Девојките“ од Ема Клајн и „Трите ќерки на Ева“ од Елиф Шафак, како и голема селекција на препораки по кои ова лето ќе биде запаметено. Секоја фестивалска недела ќе носи нови препораки од различни категории, дополнителни попусти за повеќе наслови, книги на подарок и многу други акции кои тековно ќе бидат споделувани преку Фејсбук-страницата на ТРИ.

Отворањето на Летниот фестивал на книгата ќе се случи денес, од 12 до 14 часот, во Книжарницата ТРИ во Дебар Маало, каде ве очекуваат полни полици, освежувачки пијалаци и диџеј сет кој ќе ви го разубави работниот ден.

Летото по книгите се памети! Затоа, не пропуштајте да ги посетите Книжарниците ТРИ во Дебар Маало и ГТЦ и да ги следите сите летни активности онлајн.“

Е па љубители на книги, се гледаме во ТРИ!

*сликата е преземена од официјалниот настан на Фејсбук

Leave a comment