„Види музика, слушни слика, добиј книга“ вечерва во Градски парк!

„Види музика, слушни слика, добиј книга“ е еден од најубавите и најпозитивните настани кои се случуваат во Скопје. Секоја година е уште подобра, покреативна и поинтересна.

Како што веќе знаете, секоја година има различна тема. Минатата година беше посветена на Дејвид Боуви, а оваа година ќе имаме прилика да уживаме во прекрасните песни и мелодии на една од најдобрите групи на сите времиња – Пинк Флојд!

19055289_1605535236123217_7481695981213021195_o

Македонската филхармонија и Младинскиот културен центар решија ова 10-то, јубилејно издание да биде најдобро досега, а верувам дека сите заедно ќе уживаме вечерва слушајќи ги нашите омилени „флојдовски“ песни.

Симфонискиот оркестар на Македонска филхармонија заедно со Џијан Емин како диригент и аранжер и Ади Имери кој ќе пее и ќе биде соло-гитарист, ќе направат барем за миг да заборавиме на реалноста и да уживаме далеку од сите проблеми и обврски.

Уметноста секако дека нема да биде прескокната, па така ќе уживаме во талентот на уметниците Јулијана Гешовска и Илија Спасовски-Чендо.

За љубителите на книги уште една прекрасна причина за да дојдат вечерва во парк. Како што знаете, традиција е секоја година да се доделува книга за оние кои ќе дојдат на настанот, а оваа  година изборот падна на „За одењето по мраз“ од Вернер Херцог.

Се гледаме вечер во парк!

*сликата е преземена од официјалниот настан на Фејсбук

Leave a comment