Витгенштајн: „Реалноста се обликува од зборовите кои ги употребуваме!“

Лудвиг Јосеф Јохан Витгенштајн е еден од најпознатите филозофи на сите времиња. Бертранд Расел го опишал Витгенштајн како „најсовршениот пример за гениј во традиционална смисла, кој јас го познавам: страствен, длабок, интензивен и доминантен.“ Витгенштајн, британски филозоф со австриско потекло, примарно се занимавал со логика, математика и филозофија на јазикот. Тој има објавено една многу кратка книга „Логичко-филозофски трактат“.

Целта на книгата е да ја идентификува врската помеѓу јазикот и реалноста. Интересно е што тој ги поминал последните 22 години од неговиот живот побивајќи ги заклучоците кои ги напишал во „Логичко-филозофски трактат“. Тој напишал: „Јас бев принуден да ги препознаам сериозните грешки што ги направив во таа прва книга.“ Тој почнал одново, но неговиот живот бил прекинат пред да може да ги објави новите заклучоци.

По неговата смрт, неговите трудови и записи биле издадени во форма на книга која се вика: „Филозофски истражувања“.

Роберт Хагстром во својата книга „Последната либерална уметност“ пишува: „Витгенштајн на крај почнал да верува дека значењето на зборовите се состои од самата функција која тие ја извршуваат во било која јазична игра. Наместо да верува дека постои некаква семоќна и одвоена логика кон светот која е независна од она коешто ние го набљудуваме, Витгенштајн направил еден чекор назад и трврдел дека всушност светот кој го гледаме е дефиниран и му се дава значење според зборовите кои ги користиме. Накратко, светот е она што ние ќе кажеме дека е.“

За да ни помогне да разбереме, Витгенштајн нацртал една многу едноставна фигура:

Потоа тој пишува:

„Еве како пример да го земеме триаголникот. Триаголникот може да го гледаме како триаголна дупка, како цврста материја, како геометриски цвртеж, како нешто што стои на својата основа, како нешто што стои на својот врв, како планина, како клин, како стрела или покажувач, како превртен предмет, кој треба да стои на пократка страна од правиот агол, како полу-паралелограм или како разни други работи… Може да мислите за ова како што го гледате, може да го гледате еднаш како едно, другпат како друго, па потоа како нешто трето, а потоа како нешто четврто.

Во суштина, реалноста се обликува од зборовите кои ги користиме.

Хагсторм вели: „Зборовите кои ги користиме му даваат значење (опис) на она што го гледаме.“

„За понатаму да можеме да го објасниме и/или одбраниме нашиот опис, ние се вртиме кон развивање на приказна која ние веруваме дека е вистинита. Нема ништо погрешно во раскажувањето приказни. Всушност, тоа е многу ефективен начин за пренесување идеи. Ако застанете и размислите, ќе видите дека начинот на кој ние комуницираме меѓу себе во суштина е преку серија на приказни. Приказните повеќе се отворени и метафорички отколку однапред определени.“

Сите користиме наративи, но мора да бидеме внимателни кога го правиме тоа, затоа што го обликуваат начинот на кој го гледаме проблемот.

Извор.

Leave a comment