Инфографик: Најпопуларните книги низ историјата!

Низ текот на целата историја, луѓето се вртеле кон книжевноста, барајќи од неа насоки, мудрост и образование. Благодарение на Global English Editing, денес можете да видите еден интересен инфографик на кој се прикажани 20 најполуларни книги на сите времиња, кои иако се објавени и напишани многу одамна, сепак и денес имаат огромно влијание врз луѓето и светот.

perfumes-that-smell-like-old-books

Најпрво прочитајте ја листата која ја преведов, а подолу можете да го видите и инфографикот.

„И Чинг“
Издадена: некаде во периодот од 10 до 4 век п.н.е
Опис: Ова е еден од најдревните кинески текстови кои постојат и се смета за бисер во светската литература.
Дали сте знаеле? Модерните експерти тврдат дека оваа книга се уште е најсофистицираниот метод за предвидување на иднината.

„Илијада“ и „Одисеја“ – Хомер
Издадена: 8 век п.н.е
Опис: Во овие два епа се зборува за Тројанската војна и грчкиот херој Одисеј и неговата голгота да се врати дома.
Дали сте знаеле? Никој со сигурност не знае дали Хомер бил тој или таа. Античките Грци верувале дека бил слеп номад, но академиците од 19 век верувале дека е жена.

„Аналекти“ – Конфучиј
Издадена: некаде помеѓу 5 и 3 век п.н.е
Опис: Оваа збирка на идеи и размислувања на Конфучиј е основата на Конфучијанството и се многу важни за да се разбере Кина и нејзината историја.
Дали сте знаеле? Конфучиј никогаш не ги пишувал своите книги. Неговите ученици се собрале и ги запишале неговите мисли и размислувања.

„Република“ – Платон
Издадена: 380 година п.н.е
Опис: Оваа книга во која може да се прочита нешто и за размислувањата на Сократ и другите Атињани, денес се смета за едно од највлијателното дело во политичките и филозофски теории.
Дали сте знаеле? Голем дел од централните елементи на христијанската теологија извираат директно од филозофијата на Платон.

„Елементи“ – Еуклид
Издадена: 300 година п.н.е
Опис: Ова е најважната математичка книга на сите времиња, книга која го измислила начинот на кој математичарите решаваат математика.
Дали сте знаеле? Абрахам Линколн тврдел дека нему највеќе му влијаеле три дела: Делата на Шекспир, Библијата и „Елементи“ на Еуклид.

01-science-has-figured-out-why-you-love-the-smell-of-old-books-1024x683

„Дамапада“
Издадена: 3 век п.н.е
Опис: Збирка од мисли и мудрости на Буда во 423 кратки стихови.
Дали сте знаеле? Англискиот превод на „Дамапада“ бил претворен во мјузикл во 2010 година.

Библијата
Издадена: 2-4 век
Опис: Светото писмо на Христијаните.
Дали сте знаеле? Библијата е најкрадената книга на светот.

Куранот
Издадена: 609 – 632 година
Опис: Светата книга на Муслиманите
Дали сте знаеле? Велат дека медот е најдобра храна која оди со читање на Куранот.

„Владетелот“ – Николо Макијавели
Издадена: 1532 година
Опис: Влијателна книга за која се смета дека е прво дело во модерната политичка филозофија.
Дали сте знаеле? Книгата всушност е напишана како сатира. Макијавели никогаш не ја замислувал како прирачник.

„Дон Кихот“ – Мигел де Сервантес
Издадена: 1605 – 1615 година
Опис: Издадена во два тома, оваа книга е највлијателната книга од Шпанската златна ера.
Дали сте знаеле? „Дон Кихот“ се смета за првата модерна новела, во однос на конструкцијата на приказната, дијалозите и ликовите.

Комедиите, трагедиите и истографиите на Шекспир
Издадена: 1623 година
Опис: Оваа збирка е одговорна за тоа што се зачувале најголемите претстави на сите времиња.
Дали сте знаеле? Според „Оксфордскиот речник на цитирања“, Шекспир напишал 1/10 од најцитираните мисли кои некогаш биле напишани или изговорени на англиски јазик.

85339c

„Оправдување на правата на жените“ – Мери Волстоункрафт
Издадена: 1792 година
Опис: Едно од првите дела во областа на феминистичката филозофија и книга која ги поставува основите на она што денес го знаеме како феминистичката теорија за еднаквоста.
Дали сте знаеле? Мери Волстоункрафт напишала книга за правата на мажите пред да ја напише оваа книга.

„Комунистичкиот манифест“ – Маркс и Енгелс
Издадена: 1848 година
Опис: Во оваа книга Маркс и Енгелс ги изнесуваат своите ставови за природата на општеството и политиката.
Дали сте знаеле? Откако присуствувал на конференција на која му ги превртувале зборовите, Маркс своевремено ја кажал познатата реченица: „Се што знам е дека не сум Марксист.“

„За потеклото на видовите“ – Чарлс Дарвин
Издадена: 1859 година
Опис: Основата на еволуциската биологија, оваа книга нѐ воведува во научната теорија видовите еволуираат со текот на времето и тоа преку процес на природна селекција.
Дали сте знаеле? Дарвин чекал 23 години пред да ги објави своите наводи пред јавноста, затоа што бил загрижен за огромната контроверзност која би ја следела оваа книга.

„Војна и мир“ – Лав Толстој
Издадена: 1869 година
Опис: Оваа книга се смета за едно од централните дела во книжевноста и зборува за француската инвазија на Русија видено низ очите на 5 аристократски семејства.
Дали сте знаеле? На Толстој му биле потребни 5 години за да го заврши своето дело.

„Вториот пол“ – Симон де Бовоар
Издадена: 1949 година
Опис: Искрена дискусија за женската сексуалност и воедно ова е истовремено контроверзна и многу почитувана книга.
Дали сте знаеле? Де Бовоар била многу религиозна до својата 14 година, кога западнала во духовна криза и станала атеист.

rqvcst

„Алманах на песочниот округ“ – Алдо Леополд
Издадена: 1949 година
Опис: Една од највлијателните книги за светот на природата.
Дали сте знаеле? Оваа книга не добила некое посебно внимание кога била објавена, но била повторно откриена во 70-тите години на 20 век, за време на т.н „еколошко освестување“ и станала бестселер.

„Сакана“ – Тони Морисон
Издадена: 1987 година
Опис: Сместена по завршувањето на Американската граѓанска војна, „Сакана“ го опишува животот на една афро-американска жена која успева да избега од ропството.
Дали сте знаеле? Кога „Сакана“ не ја освоила Националната книжевна награда во 1987 година, останатите писатели простестирале.

Серијалот „Хари Потер“ – Џ.К.Роулинг
Издадена: 1990-те – 2000-те години
Опис: Серија од книги кои го следат животот на момчето волшебник.
Дали сте знаеле? Откако 8 други издавачки куќи ја одбиле, издавачката куќа „Блумсбери“ и понудиле на Роулинг 2500 фунти како аванс за издавање на книгите. Роулинг подоцна стана првиот писател милијардер.

„50 нијанси сиво“ – Е.Л.Џејмс
Издадена: 2011 година
Опис: Еротска љубовна книга која првично била издадена како е-книга и тоа самата писателка го направила.
Дали сте знаеле? Книгата е забранета во некои американски библиотеки поради сексуалната содржина.

Се согласувате?
Подолу погледнете го инфографикот.

 

book-infographic

Leave a comment