Списокот со омилени книги и писатели на Џек Керуак!

Џек Керуак е еден од најпознатите американски писатели и предводник на бит-генерацијата, книжевното движење во Америка кое одбележа една цела генерација на писатели.

Најпознато дело на Керуак е „На пат“, неговите хроники за патувањето низ САД, кое сè уште предизвикува контроверзии.

jack-kerouac-kratka-biografia-i-tvorchestvo-2

Повеќе детали за детството и животот на Керуак можете да прочитате тука.

Често се вели дека освен талент, потребно е да читате многу книги за да се оформите како писател и да пишувате добро. Керуак отсекогаш сакал многу да чита и книгите често биле негово единствено засолниште од светот и проблемите.

Денес на блогот можете да видите слика од тетратка на Керуак во која тој на свои 18 години составил список од книги, писатели и поети кои треба да ги прочита (или препрочита).

На листот пишува: „Задолжително читање за Џ.К“ (Џек Керуак, м.з) и ги содржи книгите:
– „Индиски ракописи“
– „Кинеска литература“
– „Новиот и Стариот Завет“
– Гибон и Плутарх
– Хомер (пак)
– Шекспир (пак)
– Волф (секогаш)
итн., итн.
– „Бдеењето на Финеган“
– „Преглед на историјата“ (пак)
– Торо и Емерсон
– Џозеф Конрад
– Прустовата „Во потрага во загубеното време“
– Данте (пак)

Во продолжение погледнете ја и фотографијата од тетратката:

18010113_917233348430133_9206673315009439470_n

Leave a comment