13 класици кои можете да ги прочитате за еден ден!

Често се случува луѓето да имаат одбивност да фатат класик во рака затоа што мислат дека за тоа ќе им биде потребно премногу време и концентрација. Иако тоа е точно за голем дел од класиците, сепак следниве 13 книги докажуваат дека книгата не мора да биде долга за да биде значајна, импресивна, емотивно предизвикувачка и прекрасно напишана.

Летото и одморите се ближат, па затоа оваа листа одлично ќе ви дојде за да си ја најдете омилената книга за ова лето.

Сликата на Доријан Греј“ – Оскар Вајлд

360_56_11_15__20__5_2013slikata20na20dorijan

„Сликата на Доријан Греј“ не е само најпопуларната книга на Оскар Вајлд, таа е е еден од најголемите класици кои нема да можете да ги пуштите од рака. Доријан Греј е младо и убаво момче кое се согласува да му направат портрет кој ќе старее наместо него, а тој ќе остане вечно млад и убав. Прекрасна приказна напишана на прекрасен начин!

Странецот“ – Албер Ками

501_6_59_16__12__4_2013d181d182d180d0b0d0bdd0b5d186d0bed182

„Странецот“ на Албер Ками е еден од најголемите примери за филозофијата на апсурдот и егзистенцијализмот истовремно. Книгата го следи животот на Мерсалт, пред и по настанот кој ќе му ја определи судбината. Оваа книга за повеќето од нас беше лектира во средно училиште и затоа сега е прекрасен момент да се потсетиме на оваа приказна која нема никого да остави рамнодушен.

Големиот Гетсби“ – Ф.Скот Фицџералд

206_46_7_12__17__8_2016d0b3d0b5d182d181d0b1d0b8

„Големиот Гетсби“ со сигурност влегува во листата на најдобрите книги некогаш напишани. Иако на почетокот Фицџералд совршено ни го прикажува раскошот, луксузот и безгрижноста на богатите луѓе, сепак како што книгата доаѓа до својот крај, книгата ќе пренесе една силна порака која уште долго ќе остане со вас.

Животинска фарма“ – Џорџ Орвел

Korica_Zivotinska farma imp

„Животинска фарма“ е најпознатата сатира на сите времиња. Оваа книга на алегоричен начин се исмева со режимот на Сталин. Преку една фарма на која свињите владеат, Орвел го опишува владеењето на Сталин. Премоќна книга која нема да ја испуштите од раце додека не ја прочитате и последната реченица.

Старецот и морето“ – Ернест Хемингвеј

966_47_20_16__11__6_20129100220

Најпознатото дело на Хемингвеј е „Старецот и морето“ и ова е книгата која во најголем дел е заслужна за тоа што Хемингвеј ја добива Нобеловата награда за литература. Преку раскажување на една навидум едноставна приказна за еден старец кој се мачи да фати една голема риба, оваа приказна навлегува во многу подлабоки теми за душата.

Тивкиот Американец“ – Греам Грин

3698

Оваа книга е анти-воена книга во која се зборува за бесмисленоста на војната. Греам се инспирирал за книгата кога бил воен дописник и кога ја читате книгата јасно можете да почувствувате дека Грин пишувал за место и време кое значително влијаеле на него. Ова е шпионска книга со многу поголема длабочина.

Бисерот“ – Џон Штајнбек

5308

Инспирирана од мексиканска народна приказна, овој класик зборува за еден млад човек кој наоѓа огромен, прекрасен бисер за кој се надева дека ќе моќе да го продаде за добра цена за да може да го плати докторот да го излечи неговото болно дете. Но, во процесот овој бисер го води најлошото од луѓето кои доаѓаат во контакт со бисерот.

Кланица 5“ – Курт Вонегат

105_49_38_15__23__11_2016d0bad0bbd0b0d0bdd0b8d186d0b0205

„Кланица 5“ е една од моите омилени книги од оваа листа, а и општо гледано. По должина е подолга од останатите книги на листава, но помеѓу вонземјаните, патување низ времето, Втора светска војна и лични анегдоти, нема ни да забележите дека летнало времето додека стигнете до последната страна. Оваа книга е полу-автобиографска, имајќи предвид дека Вонегат лично присуствувал и сведочел на бомбардирањето во Дрезден и во одреден временски период бил и воен заробеник. „И така ти е тоа“ или „So it goes“ e една од најмоќните реченици во литературата, а кога ќе ја прочитате книгата ќе сфатите и зошто.

Денот на скакулците“ – Натаниел Вест

113441

„Денот на скакулците“ е книга која ги вади на површина сите валканици за Холивуд, место кое толку е идеализирано од обичниот човек. Напишана е во 1939 година и оваа книга навлегува и во Големата депресија, иако во поширока смисла, ова е книга за неуспехот на „американскиот сон“.

Еден ден на Иван Денисович“ – Александар Солженицин

1img-80

Александар Солженицин го преживеал гулагот, а потоа доживеал и да му го раскаже своето искуство на светот и тоа преку неговата книга која следи еден ден на затвореникот Иван Денисович во гулагот. Описите се неверојатни и прават читателот да може да замисли се, од колибите до супата која ја јадат затворениците. Чудно е што советската влада веднаш дозволила да се објави оваа книга, со ограничена цензура во 1962 година.

Преобразба“ – Франц Кафка

515_21_8_15__10__2_2014d09ad0b0d184d0bad0b0

Оваа книга е најкратка од книгите на листата, но на крајот ќе ве остави со многу прашања. Книгата почнува со чудната и необјаснета преобразба на главникот лик, Грегор Самса, од човек во огромен инсект. Тој не може да си ја поврати човечката форма, па книгата го следи новиот живот на човекот како инсект. Книгата е преведена на речиси сите јазици во светот и се смета за една од најдобрите книги во историјата на книжевноста.

Фаренхајт 451“ – Реј Бредбери

45_28_6_16__28__2_2017farenhajt451

Овој класик на Реј Бредбери е именуван по температура на која хартијата гори. Приказната го следи Гај Монтаг кој е пожарникар чија задача е да пали и гори книги. Но, еден ден тој почнува да се интересира за книгите и паѓа во неверојатна мрежа на сплетки и опасности и сфаќа колку се опасни книгите. Фантастична книга!

Ноќ“ – Ели Визел

1617

„Ноќ“ е најкраткиот пат кон одредено ниво на разбирање на хорорите од Холокаустот, кратко и едноставно. Заснована е на вистинското искуство на авторот во концетранционен камп и ова е првиот и најстрашниот дел од трилогијата која ја напишал за процесот на враќање кон реалниот живот. „Ноќ“ воопшто не е лесно четиво, но треба да е задолжително за цело човештво. Помнењето на овие настани е клучот за спречување повторно да се случат.

Извор.

 

 

 

Leave a comment