5 книги кои Харуки Мураками ви ги препорачува!

Харуки Мураками е најпознатиот јапонски писател и еден од најпознатите модерни писатели. Неговите дела „Спутник љубов“, „Норвешка шума“, „Кафка на брегот“ и „1Q84“ се меѓународни бестселери и тој е вистински миленик на љубителите на добра книга.

Der Schriftsteller Haruki Murakami am 07.11.2014 in Berlin.

За тоа колку е Мураками влијателен, говори фактот дека во 2015 година, списанието „Тајм“ го смести Мураками меѓу стоте навлијателни луѓе во светот. Тој го користи своето влијание за да се обиде да ги „натера“ луѓето да читаат добри книги. Низ годините, тој препорачувал најразлични книги, а денес можете да прочитате дел од неговите предлози, па можеби и ќе го послушате (ако веќе ги немате прочитано).

Замок“ – Франц Кафка

„Замок“ можеби не е најпознатото дело на Кафка, но е дефинитивно едно од најдобро прифатените. Мураками има кажано дека првпат ја прочитал оваа книга кога имал 15 години и истата му предизвикала огромен шок.

Браќа Карамазови“ – Фјодор Достоевски

Мураками најмногу бил импресиониран од способноста на Достоевски да се подобрува низ годините, особено кога станува збор за „Браќата Карамазови“. Мураками има кажано дека „тој станувал сè поголем и подобар….  тоа е навистина одлична книга.“

Ловец во ‘ржта“ – Џ.Д. Селинџер

За многумина, вклучувајќи го и Мураками, ова е една класична приказна. Покрај тоа, Мураками бил еден од оние кои ја превеле оваа книга на јапонски јазик. Тој има кажано: „Паметам дека беше духовита, но е мрачна и силна. Сигурно сум бил потресен кога сум бил помлад.“

Големиот Гетсби“ – Ф. Скот Фиџцералд

Овој американски класик има посебно место во срцето на Мураками. Во интервју за „Тајм“, тој кажа дека „Големиот Гетсби“ е „моја омилена книга. Сакав да ја преведам уште кога бев во моите дваесетти години, но не бев подготвен за тоа.“

Книжевниот серијал за Филип Марлоу – Рејмонд Чендлер

2052

Мураками не можел да се одлучи само за една книга од серијалот за Рејмонд Чендлер, па затоа ги избрал сите. Овие детективски приказни се класика и имале големо влијание врз умот на младиот писател во развој. Мураками вели: „Филип Марлоу е плод на фантазијата на Чендлер, но за мене тој е реален. Само сакав да живеам како Марлоу.“

Leave a comment