Македонска поезија: „Себесоздавање“ од Блаже Конески!

Денес на блогот повторно прекрасна македонска поезија. За поубав ден, денес изборот падна на „Себесоздавање“ од Блаже Конески.

Себесоздавање – Блаже Конески

Така, со заемни ситни притворства,
за да се покажеме,
сигурни дека ќе минеме неоткриени,
го градиме ние ден за ден,
дури со години,
подобриот дел од себеси.
Потоа како лута зима
неочекувано вистината доаѓа
и останува
да виси во воздух
уште малку,
призрачна,
таа наша лична зграда.
Урнат е нашиот привид.
Доцна
да се измислуваме наново.

a0795f6e-e68a-4d13-a2bf-31a1aaad58f1

Leave a comment