Старите книги мирисаат како чоколадо и кафе!

Како навистина мириса една книга? Пред некое време на блогот имаше еден инфографик кој се занимаваше со оваа тематика, но овојпат имаме малку поекстензивно истражување да го поткрепи тоа.

Книгите кои се свежо испечатени можеби мирисаат на хартија и мастило, но постарите книги имаат посладок мирис кој се пробива низ носот на љубителите на книги и останува таму.  И судејќи според сѐ, повеќето луѓе тој мирис ги потсеќа на мирисот на чоколадо.

Во едно истражување објавено во научното списание „Херитиџ Сајнс“, истражувачите од Универзитетот „Колеџ Лондон“ ги истражувале мирисите на книги и библиотеки, склопувајќи класификациска шема која би можела да помогне при категоризација на мирисите од минатото и можеби дури и да ги дијагностицира книгите во распаѓање пред штетата да излезе од контрола.

Се започнало пред неколку години, кога хемичарот Матија Стрлиќ забележал дека луѓето кои работеле на заштита на хартии секогаш ги мирисале страниците од делата кои ги истражувале. Кога ги прашал зошто го прават тоа, истражувачите одговориле дека може многу да откријат за составот на материјалите користени во книгите само според мирисот. Штрлиќ се заинтересирал и почнал да бара начин како да ги измери тие мириси.

ms_book(Матија Штрлиќ мириса книга од 17 век)

Штрлиќ вели: „Си помислив дека сигурно можеме да развиеме некои научни техники кои се поточни од човечкиот нос.“

Материјалите како книгите често испуштаат мaли количини на испарливи органски соединенија во воздухот. Нашите носови ги забележуваат тие хемиски „потписи“ и нашите мозоци ги толкуваат како мириси.

Овие состојки можат да бидат забележани од сензори, истите типови механички сензори кои ги користат институциите за да забележат дрога или експлозиви. Но, во овој случај, тие откриваат ситни варијации во хемиските состави на книгите кои се многу стари. Откако земале примерок и го поминале низ соодветните инструменти, Штрлиќ и колегите успеале да ги идентификуваат главните миризливи состојки во книгите.

Штрлиќ во соработка со научничката Сесилија Бембирбре започнале да трагаат не само по хемиските траги во книгите, но и сакале да откријат како мирисите влијаеле на луѓето кои ги мирисале.

book_jar(Сесилија Бембирбе за време на процесот на издвојување на мирисот од Библија од 18 век)

Бембибре заедно со Штрлиќ започнале соработка со британската организација „Нешнл Траст“ за да можат да спроведат еден експеримент во кој посетителите на Музејот и уметничката галерија во Бирмингем учествувале во тест во кој имало необележани (и скриени) мириси. Во овој експеримент, огромно мнозинство од луѓето кои биле тестирани рекле дека старите книги мирисале слично на чоколадо.

Фактот дека учесниците го именувале чоколадото како сличен мирис не ги изненадил истражувачите, она што ги изненадило била зачестеноста со која тие го поврзувале мирисот на чоколадо и кафе со мирисот на книгата.

Бембибре вели: „Кога мирисите се необележани, обично користиме асоцијации кои најмногу не потсетуваат на тој мирис. Освен тоа, испарливите органски соединенија на чоколадото и кафето се многу слични како оние на книгите. Но, сепак се изненадивме кога видовме како споредбата постојано се повторува.“

Бембирбре исто така го тестирала мислењето на луѓето за мирисот на библиотеката во катедралата „Св. Павле“ во Лондон, каде истражувачите собрале многу примероци од испарливи органски соединенија. Мирисите кои биле забележани таму учесниците ги опишале дека наликуваат на дим и дрво и мирисот не удирал толку на чоколадо. Ова се препишува на фактот дека тие биле обиколени со величествени дрвени уредувања.

Оваа библиотека била избрана со причина, бидејќи мирисот на оваа библиотека е толку познат што често се појавува и во книгите за гости и кураторот инсистира дека методите за зачувување мора да го зачуваат и овој карактеристичен мирис.

9700741216_d5ac025349_b

Моментално има многу малку напори за зачувување на мирисите, но ова е нешто коешто Бембибре и Стрлиќ сакаат да го променат. Иако повеќето историски изложби визуелно ги запознаваат луѓето со идеја или концепт, мирисот исто така игра огромна улога при создавањето искуства.

Стрлиќ вели: „Нашето сетило за мирис е многу блису до центарот за помнење во мозокот и затоа толку силно и моќно ги поврзуваме спомените со одредени мириси. Одредени мириси будат стари спомени кои инаку не би се појавиле. Тоа е една од причините поради кои мирисот игра толку важна улога при нашето искусување на наследството.“

Додека ги спроведувале експериментите, Бембибре развила „тркало на мирисите на историските хартии“ за кое се надевам дека ќе им помогне на другите истражувачи и библиотеки полесно да ги карактеризираат мирисите кои доаѓаат од книгите. Спојувањето на она што нивниот нос го знае со одредени хемиски имиња може да им каже нешто повеќе за составот на тоа што го мирисаат. Бембибре додава: „Може да одите од мирис до состојка или од состојка до мирис.“

Истражувачите се надеваат дека ова може да им пoкаже на луѓето кои се занимаваат со реставрација и историја како мирисот може да допринесе кон искуството на посетителите.

Стрлиќ вели: „Мислам дека сосема е можно во иднина да гледаме мулти-сензорни искуства во музеите и галериите.“

Има планови да се прошири работата и да се истражи како различни предмети на имотите на „Нејшнал Траст“ мирисаат и да се соберат предлози за мириси кои заедницата би сакала да ги заштити во иднина, на ист начин на кој зградите се заштитуваат денес.“

Бембибре заклучува: „Како општество кое живее денес, кои мириси би сакале да им ги пренесеме на нашите деца?“

 

Извор.

 

 

 

Leave a comment