Радјард Киплинг повеќе не е непожелна личност во Велика Британија

Со декади, Радјард Киплинг беше третиран како „персона нон грата“ во Велика Британија. Тој беше изоставен од училишните програми поради неговите „политички некоректни“ ставови за Британската империја.

Но, според неговиот биографер Ендрју Лисет, Киплинг сега ужива во враќањето на голема врата помеѓу нова генерација на истражувачи кои ја надминале лошата реакција при споменување на неговото име и имаат „поширок поглед на светот“.

Киплинг, кој е најмладиот добитник на Нобеловата награда за литература, бил еден од најпопуларните писатели во Велика Британија во периодот помеѓу крајот на 19 век и почетокот на 20 век.

2199458-ce258bc205f19f30a98d450607017ffc508fa3c7

Неговите книги како „Само приказни“ и „Книга за џунглата“ се сметаат за класици во детската литература и тој е еден од пионерите на кратките приказни.

Но, неговата популарност драстично опаднала за време на 20 век, кога почнало да го бие глас дека е поборник за колонијализмот, а Џорџ Орвел го обвинил Килинг дека е „морално нечувствителен“ и „пророкот на британскиот империјализам.“

Киплинг, кој бил роден во Бомбај, бил напаѓан затоа што пишувал од британската колонијалистичка перспектива, а го обвинувале и дека во некои од неговите најпознати дела може да се почувствуваат расистички тонови.

Неговата поема „Товарот на белиот човек“ била критикувана поради тоа што сугерира дека неопходно е Американците да одат и да ги цивилизираат дивјаците во Филипините.

Лисет, зборувајќи на еден историски фестивал, вели: „Киплинг бил политички некоректен. Уште откога Орвел го фатил на пик, тој на одреден начин бил гледан како „персона нон грата“. Тажно е тоа што тој речиси и не е во училишните програми, дури и денес е тешко да го најдете во програмите.“

Но, Лисет тврди дека луѓето ја надминале одбивноста која се чувствувала при споменувањето на неговото име и денес има еден нов бран на интерес за него.

rudyard-kipling-hires-cropped

Тој изјавил: „Има помлада генерација составена од истражувачи и докторанди кои се враќаат на Киплинг. Тој почесто се изучува на универзитетите и има многу поголема волја да се погледне од посвежа перспектива и повторно да се разгледаат неговите дела и да се види што било добро кај него.“

„Луѓето сега имаат поширок поглед на светот и тие гледаат дека Киплинг бил еден вид на глобален писател затоа што тој пишувал за светот.“

Лисет вели дека нема сомнеж за тоа дека Киплинг бил реакционерен, но додава: „Но, тој исто така бил одличен набљудувач на светот и на тоа што се случува. Па така, ако сакате да знаете за светот на Кипинг и за Индија во периодот од крајот на 19 век, Киплинг е одличен избор за почеток.

Тој има навлезено во толку многу правци и на многу интересен начин, тој е некој кој седлал две култури, седлал на Викторијанизмот и модернизмот, тој е многу интересна личност од таа гледна точка.“

Извор.

Leave a comment