Партенон од забранети книги се издигна во Германија!

Деновиве во градот Касел во Германија се појави едно прекрасно здание кое ги воодушеви љубителите на книги ширум светот. Марта Минухин, аргетинска уметница, создаде реплика на Акрополисот во Атина која е составена исклучиво од 100.000 забранети книги.

Таа веќе некое време ги повикувала луѓето да донираат цензурирани и забранети книги за да ги употреби за овој проект. Она што сега се нарекува „Партенонот на книгите“ се наоѓа точно на истото место на коешто нацистите запалиле и изгореле 2000 книги, како дел од нивната кампања против еврејски писатели и анти-фаштисти. На истото место постоела и библиотека која за жал била уништена во еден од нападите на сојузниците, при што изгореле околу 35.000 книги.

gettyimages-693903024-e1499233688472

Природно, ова е совршеното место за издигнувањето на книгите кои исчезнале. Зошто ова здание е наречено Партенон? Поради тоа што Партенонот е храм за кој може да се каже дека претставува своевиден столб на демократијата. Во една од своите изјави таа рекла дека оригиналниот Партенон ја претставува естетиката и политичките идеали на првата демократија.

Помеѓу книгите има наслови како „Фаренхајт 451“, „Дон Кихот“ и „Кодот на ДаВинчи“. Ова е дел од изложба која ќе трае до 17 септември 2017 година, а потоа книгите ќе бидат донирани на различни страни од светот.

argentiniinstallation

Кој не би сакал да ја посети оваа убавина?

Подолу погледнете го и видеото кое го објави Conde Nast Traveler:

Leave a comment