„Игра во `ржта“ е еден од најмаркантните романи на 20 век. Оваа книга го стави Џ.Д.Селинџер на листата на најдобри и највлијателни писатели. Џ.Д.Селинџер бил многу интересен човек со интересна животна приказна. Затоа, според сите изгледи и најави, филмот „Бунтовник во `ржта“ ќе биде одличен филм за сите љубители на книжевноста, Селинџер и „Игра во `ржта“.

Филмот е во режија на Дени Стронг, а сценариото е напишано според книгата „Животот на Џ.Д.Селинџер“ од Кенет Славенски, кој воедно е дел и од тимот кој го напиша и прилагоди сценариото.
Филмот го следи животот на Селинџер, неговата младост и неговиот живот за време на Втората светска војна. Филмот го следи и неговиот љубовен живот, како и периодот околу и по објавувањето на легендарната „Игра во `ржта“.
Николас Холт го оживува Селинџер на големото платно, а во останатите улоги ги гледаме: Зои Дојч, Кевин Спејси, Сара Полсон, Брајан Д`Арси Џејмс, Виктор Гарбер, Хоуп Дејвис, Луси Бојнтон.
Филмот ја имаше својата светска премиера на 24 јануари 2017 година, на филмскиот фестивал „Санденс“, а од 15 септември 2017 ќе почне да се прикажува во кината ширум светот.
Со нетрпение го очекувам филмот, а верувам дека сите љубители на книги и Селинџер со радост ќе се упатат кон кино-салите.
Во продолжение погледнете го трејлерот кој ветува:
