На блогот често сум објавувала најразлични предлози за уредување на домашните библиотеки или пак прекрасни соби за читање. Секој љубител на книги замислува како ќе си ја уредува својата идна библиотека и секој од нас барем еднаш си замислил и посакал да има своја посебно уредена соба посветена само за читање книги.

Секако тоа е прекрасна глетка, па затоа денес преку едно кратко видео, имате можност повторно да исплакнете очи и да се инспирирате. Никогаш не се знае кога вие самите ќе имате можност да си уредите една ваква соба нели? Art, Craft & Architecture е страна на Фејсбук која секогаш објавува интересни работи поврзани со уметноста, уредувањето и архитектурата, па надвор од љубовта кон книгите, ви препорачувам да ја заследите оваа страна.
Ова видео кое тие го објавија е кратко видео од околу 30 секунди и прикажува неколку неверојатни соби за читање. Уживајте!
