Џон Грин е еден од омилените писатели на новата генерација млади луѓе. Речиси секоја негова книга е неверојатен успех, а секоја екранизација на неговите книги е уште поголем успех. Неговите книги и приказни едноставно знаат како да се приближат до младите и да ги примамат да читаат книги.

Обожавателите на Џон Грин се многу среќни поради веста за новата книга, бидејќи поминаа пет години откако тој ја издаде својата последна книга „Грешката во нашите ѕвезди“ која исто така беше неверојатен критички и комерцијален успех, а екранизацијата доживеа исто така голем успех.
По толку чекање, сега барем знаеме две работи: датумот на издавање и како ќе изгледа корицата на книгата.
Книгата се вика „Желки до бесконечност“, а корицата беше објавена во емисијата „Гуд морнинг Америка“.
Книгата ја следи тинејџерката Аза Холмс која го истражува исчезнувањето на еден милијардер додека истовремено се бори со своето опсесивно-компулсивно нарушување.
Оваа книга се поврзува и на лично ниво со Џон Грин, имајќи предвид дека во јули тој објави видео во кое зборуваше за својата лична борба со опсесивно-компулсивно нарушување.
Личната природа на книгата, како и зрелиот тон кој Грин најверојатно го развил за време на овие пет години даваат впечаток дека оваа книга ќе доживее огромен успех.
Книгата ќе биде издадена на 10 октомври 2017 година.
