Познати писатели за кои можеби не сте знаеле дека се левораки!

Левораките луѓе се реткост. Нив ги има навистина малку. Се претпоставува дека се помалку од 20% од светската популација и оваа бројка речиси и воопшто не се променила со текот на годините. Сѐ уште не се знае вистинската причина поради која некои луѓе се левораки, а некои деснораки.

left-handed-writing-woman-shutterstock_1024

Обично пишувањето со лева рака се поврзува со креативноста и интелигенцијата. Судејќи по овие писатели, има нешто во тие теории… Можеби ќе се изненадите кога ќе дознаете дека овие 5 писатели биле левораки…

Луис Карол

lewiscarroll2

Луис Карол е автор на една од најпознатите книги на сите времиња: „Алиса во Земјата на чудата“. Уште кога бил мал, тој бил познат по тоа што измислувал приказни за своите пријатели и семејство. Всушност така настанала и идејата за „Алиса во Земјата на чудата“. Оттогаш, оваа приказна е овековечена преку разноразни серии, цртани и филмови.

Боб Дилан

screen-shot-2014-11-06-at-4-00-22-pm

Иако Боб Дилан не е најтипичниот писател кој човек би можел да го замисли, сепак технички има издадено две книги: автобиографијата „Хроники“ и „Тарантула“. Сепак, неговите песни се многу повеќе од обични стихови, а тоа го препознаа и членовите на Шведската академија и затоа годинава му ја доделија Нобеловата награда за книжевност

Марк Твен

mark-twain-and-the-halley-s-comet-writer-predicting-own-death

Марк Твен е симбол на американската книжевност. Освен тоа што ги има напишано „Авантурите на Том Соер“ и „Авантурите на Хаклбери Фин“, кои се вбројуваат меѓу најдобрите американски романи, тој бил навистина плоден автор. Пишувал и романи и истражувачки книги, кратки приказни и статии за списанија и весници.

Франц Кафка

kafka-young

Франц Кафка е познат по своето меланхолично и мрачно пишување. Сите во неговото опкружување велеле дека тој имал силна страст за пишување. За жал, неговиот талент не бил препознаен во текот на неговиот живот. Неговите најважни дела се „Преобразба“, „Америка“, „Замок“ и „Процес“.

Ханс Кристијан Андерсен

visitfyn_bornenes-o_hca-portrat_01

Бајки, драми, поезија, приказни – зарем има нешто коешто тој не го напишал? Речиси секој од нас има пораснато со неговите бајки! Во 1835 година, тој го објавил првиот дел од своите бајки и во тоа време направил вистински бум. Инспириран од народните приказни, тој ги искористил својата смисла за хумор и природен инстинкт за иронија и идиоми и на тој начин го променил лицето на данската книжевност. Некои од неговите најпопуларни бајки се: „Грдото пајче“, „Малата сирена“, „Новата облека на царот“, итн.

Leave a comment