Слушнете како Иво Андриќ чита извадок од „Мостот на Дрина“!

Иво Андриќ е вистинска гордост за Балканот. Тој е единствениот писател од овие простори кој ја има добиено Нобеловата награда за книжевност и тоа во 1961 година. Тој е еден од најзначајните писатели чии мисли сѐ уште се споделуваат и ако внимателно ги читаме неговите редови, ќе видиме дека голем дел од неговите заклучоци и размислувања важат и денес.

ivo_andric111

Мостот на Дрина“ е едно од најубавите и најзначајните балкански дела. Оваа книга ни ја раскажува приказната за мостот кој спојува генерации и луѓе од различни вери и националности, но мостот е многу повеќе од само мост. Оваа книга на еден прекрасен начин ни ја прикажува историјата и подемот и падот на големите империи, како и огромните општествени промени кои се случуваат. Но, истовремено е и прекрасен запис за филозофијата на животот и учиме многу за човековата душа.

Оваа книга речиси сите ја имаме во својата домашна библиотека, па можеби е време повторно да ја прочитаме, а оние кои ја немаат прочитано, можеби по оваа објава ќе се мотивираат да ја прочитаат.

На социјалните мрежи пред некое време почна да се споделува ова интересно видео од Иво Андриќ кој чита делови од второто поглавје на „Мостот на Дрина“. Се работи за ретка снимка, во која верувам ќе уживате!

Leave a comment