Македонска поезија: „Од сина тишина зборови“ од Анте Поповски!

Секој ден е преубав ден кога станува збор за споделување македонска поезија! Денес на блогот можете да се опуштите и да уживате во македонски стихови. Изборот падна на „Од сина тишина зборови“ од Анте Поповски

Од сина тишина зборови – Анте Поповски

Од сина тишина создавав зборови
и од зборови Те создавав Тебе
Те поведов низ младоста, низ цел живот
една по една да ги собираме трошките
на кои постапно се распаѓавме.

Сега, легнувајќи во самите корени
на новиот век
се загледуваш во мене
и ги згаснуваш една по една
ѕвездите во моите очи.
Така, обезѕвезден, влегувам во предел
на света бессоница,
во предел на морничав студ.

О, поезијо, девојко со вкус на вечност.

couple-photography-loved-up-sessions_0032

Leave a comment