Што читаше Кафе и книги во август?

Дојде септември, се наближува и есента. Есен е прекрасно време за читање. Посвежо е времето, а сѐ уште е доволно топло да си земете кафе и да седнете во парк и да читате книга. Како и секој месец, така и овој месец ви препорачувам книги кои јас ги прочитав изминатиот месец, па можеби некој од насловите ќе ве привлече за да ја си ја најдете следната книга за читање.

1. И планините одекнаа“ – Халед Хосеини

811_44_20_13__22__5_2013d0b820d0bfd0bbd0b0d0bdd0b8d0bdd0b8d182d0b520d0bed0b4d0b5d0bad0bdd0b0d0b0

Оцена: 3/5
Осврт: Книгите на Халед Хосеини секогаш успеваат да му го скршат срцето на читателот. Топлината во неговите книги, неговите безвременски теми и прекрасниот стил на пишување ве пренесуваат на друго место и друго време и сосема заборавате на реалноста. „И планините одекнаа“ е тажна и трогателна приказна за животот на Авганистан, тема која се провејува и во „Ловец на змејови“ и „Илјада неверојатни сонца“. Книгата започнува со Абдула и Пари, братче и сестриче кои остануваат без својата мајка, кои заедно со својот татко патуваат за Кабул. Од тој момент гледаме како животите на повеќе ликови се испреплетуваат, а имаме шанса некои настани да ги прочитаме од повеќе различни луѓе и да ја видиме нивната перспектива.

Генерално ја препорачувам оваа книга, иако според мене „Ловец на змејови“ и „Илјада неверојатни сонца“ беа помоќни книги. Во оваа книга некако имав чувство како да има одредени празнини во приказните кои остануваат недокажани, што не беше случај со претходните две. Сепак, Хосеини не може да разочара и доколку барате нешто кое ќе ве трогне, оваа книга ќе ви се допадне.

ИЗДАВАЧКА КУЌА: МАТИЦА

2. Љубов во време на колера“ – Габриел Гарсија Маркес

347_15_39_16__20__4_2016599_21_59_13__11__4_2016ljubov20vo20vreme20na20kolera20predna

Оцена: 4/5
Осврт: Маркес е магионичар! Начинот на кој тој пишува е ненадминлив. Неговите теми се секогаш длабоки и ве тераат да размислувате и во процесот да откриете нешто и за самите вас. Покрај тоа, ликовите во неговите книги се секогаш добро изградени, длабоки и интересни и сакате да дознаете нешто повеќе за нив.

„Љубов во време на колера“ е книга за љубовта, бракот, пропаднатите соништа. Флорентино Ариса и Фермина Даса споделуваат една платонска младешка љубов. Тогаш Фермина Даса се мажи со друг човек, познат доктор, а Флорентино Ариса паѓа во депресија, но ѝ се колне на вечна верност. Тој решава дека ќе ја чека Фермина, ќе чека да почине сопругот за конечно да биде со неа, макар поминале и 50 години. Книгата испреплетено се движи помеѓу сегашноста и минатото и го гледаме целиот пат на Фермина Даса и Флорентино Ариса, од моментот кога им се вкрстуваат патиштата, до моментот кога се раздвојуваат нивните патиштата и повторно се вкрстуваат.

ИЗДАВАЧКА КУЌА: АРС ЛАМИНА

3.Тој рече, таа рече“ – Лорен Лејн

16_1_42_15__16__11_2016toj20rece20taa20rece
Оцена: 3/5
Осврт: Ова е од оние книги кои се читаат за еден ден. Лесна литература за на плажа или неделно попладне. Се работи за новинарката Грејс Брајтон која раскинува со нејзиното момче откако дознава дека тој ја изневерил и решава дека не сака да има ништо со мажи. Прилично е огорчена и решава да си го врати животот назад. Тогаш нејзината уредничка ѝ дава задача да излезе на неколку состаноци со новинар од ривалско списание за мажи. И двајцата треба да напишат статија од своја гледна точка. Тој е шармантен, убав, згоден и забавен и очигледно е дека има хемија. Како што проаѓа времето, натпреварот станува пожесток, како и тензијата меѓу нив.

Лесна книга погодна за ако сакате да читате некоја полесна литература.

ИЗДАВАЧКА КУЌА: САКАМ КНИГИ

4.Вероника реши да умре“ – Пауло Коељо

339_20_30_13__2__2_2017d0b2d0b5d180d0bed0bdd0b8d0bad0b020d180d0b5d188d0b8
Оцена: 3/5
Осврт: Кога почнав да ја читам оваа книга, бев прилично скептична, поаѓајќи од лошиот впечаток кој го имав по читање на „Алхемичарот“. Но, оваа книга пријатно ме изненади.

Вероника е девојка која решава да си го одземе животот. Обидот за самоубиство е неуспешен и таа завршува во болница. Таму ѝ кажуваат дека срцето ѝ е слабо и дека таа ќе умре и дека времето ѝ е ограничено. Тогаш таа почнува да се преиспитува и сосема различно почнува да гледа на работите и животот.

Ова е книга која има интересни филозофски моменти и знае да ве замисли. Мене лично многу повеќе ми се допадна од „Алхемичарот.“

ИЗДАВАЧКА КУЌА: ТРИ

Leave a comment