Денес е 8. Септември – Денот на независноста на Република Македонија!
Да ни е жива и здрава нашата држава, долговечна и просперитетна! Во чест на празникот, денес на блогот прекрасна македонска поезија. Со оглед на денот и поводот, изборот падна на „Нашинска“ од Гане Тодоровски!
Честит 8 септември!
Нашинска – Гане Тодоровски
Да ни е да сме доста
колку за да се разбистри небото
над Бистрине, Корабине-
Да ни е да сме доволно
колку за да се довардиме
покрај Вардарине и Струмине –
Да ни е да сме мерата
колку за да се прелееме
од колено во колено до крај истрајвекот-
Малцичка сме ли ете па што
малцичка божем а веќе со векови
по стопати по севезден нè пребројуваат
Но ние сме како што сте како што се
И покрај сè и покрај сè
колку сме толку сме токму сме!

