Салман Ружди за омилените книги и класикот кој никогаш не успеал да го прочита до крај!

Салман Ружди е еден од најпознатите и најпочитуваните модерни писатели. Со своите книги тој секогаш привлекува внимание, но и контроверзност. За својата книга „Сатански стихови“, ајатолахот Хомеини издаде налог за негово убиство и на крај беше заштитен од страна на властите во Велика Британија каде што продолжи да ја гради својата пишувачка кариера. Освен „Сатански стихови“, тој е познат и по „Деца на полноќта“, „Гримус“ и „Срам“.

Во извадок од едно интервју, тој зборува за првата книга која ја засакал, за класикот кој никогаш не го прочитал до крај, како и за книгата која тој посакува да ја напишал.

rushdie520

Која беше првата книга во која се заљубивте?

„Алиса во Земјата на чудата“ од Луис Керол. Не само поради очигледните причини (зајачката дупка, „јади ме“/„испиј ме“, насмевка без мачка, Лудиот Шеширџија и сл.), туку поради тоа што се заљубив во самодовербата на Алиса. Ете ја таму, изгубена во Земјата на чудата, постојано менува големина, не знае ништо за нејзината околина, а сепак е неодоливо своеглава, секогаш ги става луѓето на свое место и секогаш пука со своите прсти и вели: „Вие не сте ништо повеќе од шпил карти“. Мој тип на девојка.

Наведете еден класик за кој се чувствувате виновно што никогаш не сте го прочитале?

Никогаш не ја завршив „Мидлмарч“. Ја започнав неколку пати, пред многу години се обидов да ја гледам долгата и детална британска екранизација, но не успеав. Извинете. Имаше некаква врска што немаше никаква трага од хумор. Сепак сфаќам дека тоа е моја вина.

Која книга најчесто ја имате препрочитувано?

Во последните години, „Подарокот на Хамболт“ од Сол Белоу. Поради убавината на речениците, брилијантната визија, сериозниот ум и славата на имињата на ликовите (Фон Хамболт Флејшер, Чарли Ситрин, Риналдо Кантабиле).

Дали постои книга која посакувате вие да сте ја напишале?

„Улис“ на Џејмс Џојс. Затоа што тогаш би можел да умрам среќен (за разлика од Џојс).

На која од новите книги највеќе ѝ се радувате?

„Реката на свесноста“ од Оливер Сакс. Среќен сум што постои уште една, последна книга од неверојатниот ум на моќниот и за жал, починат Оливер, чие пишување го обожавам уште откако чув за човекот кој за помешал неговата жена со шапка.

 

Извор

Leave a comment