Кои се најубавите европски библиотеки?

Човек не може доволно да им се нагледа на прекрасните библиотеки кои постојат на овој свет. Освен тоа што во себе содржат илјадници книги, тие изгледаат величествено и прекрасно. Човек би можел со денови да се изгуби во некоја библиотека. Одвреме-навреме, светските портали пишуваат за најубавите библиотеки, а денес ви го пренесувам изборот на порталот за патувања „Culture Trip“. Па така, ако имате можност, задолжително посетете некоја од овие библиотеки!

Библиотеката во палатата Мафра – Мафра, Португалија

10484547273_5b47b90bd7_h

Оваа библиотека се наоѓа во величествената палата Мафра. Се работи за екслузивна библиотека во која можете да влезете исклучиво со претходно закажување. Прекрасниот под со плочки направени од сив, розев и бел мермер привлекува луѓе од целиот свет.

Библиотеката „Кодрингтон“ – Оксфорд, Англија

16406512_1092610604201956_1358560623848444079_n

Длабоко во „Ол Соулс“ колеџот во Оксфорд, ќе налетате на прекрасни темно зелени полици и високи споменици од мермер. Оваа прекрасна модерна збирка содржи повеќе од 185.000 книги, а третина од нив биле издадени уште пред 19 век!

Градската библиотека во Штутгард, Германија

stugghart

Прекрасната стаклена зграда има девет спратови и има поглед кон целиот град. Се работи за многу модерна коцкеста бела зграда која привлекува туристи од целиот свет и има добиено неколку архитектонски награди.

Библиотеката во опатијата Адмонт, Австрија

56-285672-admont-abbey-austria-jorge-ryan-wikicommons

Библиотеката во опатијата Адмонт е една од најголемите црковни библиотеки во светот и се смета за барокно ремек-дело. Широките тавани се украсени со фрески кои го покажуваат напредокот на човечкото знаење, но и на божествените откровенија, пренесувајќи ги идеите на Просветителството и како истите биле структурално изразени. Широките прозорци му дозволуваат на сонцето да влегува во просторијата и придонесуваат посетителот да има чувство дека е благословен со светлината на знаењето.

Библиотека „Џоанина“, Универзитет Коимбра, Португалија

1024px-biblioteca_joanina

Именувана во чест на Жоао V, португалскиот „Сончев крал“, старата библиотека на Универзитетот Коимбра е олицетворение на архитектурата која се прави во чест на апсолутистички владетел. Жоао посветил голем дел од своето време возвишувајќи ги уметностите и библиотеката била изградена со богатството коешто го стекнале со империјалистичките походи на Португалија. Библиотеката има исклучиво примероци издадени во 19 век и порано и тоа придонесува кон нејзината уникатност.

Старата библиотека, колеџ „Тринити“ во Даблин, Ирска

14265382518_cc58581894_b

Врвот на оваа библиотека е „Долгата соба“. Во неа има скулптури од познати филозофи и ликови поврзани со универзитетот, како Аристотел и Едмонд Бурк. Во 2014 година, библиотеката купила голем дел од писмата на Семјуел Бекет.

Француската национална библиотека, библиотека „Франсоа Митеран“, Париз, Франција

1024px-france_paris_bibliothque_nationale_de_france_site_richelieu_salle_ovale

Француската национална библиотека е составена од неколку поединечни комплекси кои само го комплетираат раскошот. Особено интересен дел е библиотеката „Франсоа Митеран“ која е изградена од Доминик Перо во 1989 година.

Австриската национална библиотека, палата Хофбург, Виена, Австрија

30962702990_9b14d7f687_b

Австриската национална библиотека е сместена во палатата Хофбург, која била местото од каде што владеела фамилијата Хабсбург. Уредена е со експлозивни барокни бои, а библиотеката е само дел од изобилството во уредувањето. Има полици кои се неколку метри долги и луксузни украси. Ѕидовите се заоблени и под огромната фреска на таванот се наоѓа статуа од романскиот император Чарлс VI.

Библиотека „Марчиана“, Венеција, Италија

21154239971_437246d844_b

Андреа Паладио издал декрет со кој прогласил дека бибиотеката „Марчиана“ на Џакопо Сансовино е „најбогатата и најукрасена“ зграда уште од антиката. Секако тука се неизбежните фрески на таванот и прекрасни слики, а некои од нив се насликани од венециските уметници Титиан и Тинтерето. Кога влегувате во библиотеката се качувате по драматични мермени скали кои се осветелни од златните украси над вас – прекрасен влез во една од најубавите згради во Венеција.

Собата „Редклиф“, Универзитет Оксфорд, Велика Британија

4407395368_c958a3ecc1_b

Поголемиот дел од внатрешното уредување е изградено од локален камен, а тоа на библиотеката ѝ дава длабоко ехо и чувство за простор. Библиотеката секогаш е отворена за јавноста, но истовремено секоја недела има и посебни тури за туристи.

Филолошката библиотека, Универзитетот Слобода, Берлин

interior_of_phil_bib_fu_berlin_2

Внатрешноста на оваа библиотека е прекрасна, бидејќи дизајнот користи заоблености и бели линии за да ѝ даде на библиотеката еден вид кинетичко чувство. Сите полици и места за читање се поделени во две хемисфери што постепено се стеснуваат сè додека не се допрат на крајот.

Библиотеката Клементум, Прага, Чешка

3156014343_aff7c7cfe1_b

За оваа библиотека веќе имам пишувано на блогот и навистина е нешто феноменално. Повеќе информации и прекрасни слики од оваа библиотека, прочитајте и погледнете тука.

„Црниот дијамант“, Данска кралска библиотека, Копенхаген, Данска

14712238777_31249603ca_b

„Црниот дијамант“ е елегантен, но незабележлив додаток на постара зграда. Оваа библиотека дава прекрасен поглед кон пристаништето. Зградата е поделена на два дела споени преку мост кој го симболизира единството помеѓу минатото и сегашноста на Данска.

 

Leave a comment